Skil F0157335 Serie Manual Original página 85

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
• Овој алат не е соодветен за брусење во влажна
средина
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• При брусење на метал доаѓа до појава на искри; не
користете правосмукалка а останатите лица и
запалливи материјали треба да се наоѓаат подалеку
од местото каде се работи
• Редовно чистете ги отворите за вентилација на
алатот (вентилаторот на моторот вовлекува
прашина во куќиштето, а прекумерната акумулација
на иситнет метал може да предизвика електричен
удар)
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Не користете истрошена, изабена или многу
зачепена брусна хартија
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Не допирајте ја брусната хартија која се движи
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Поставување на брусната хартија 6
! извлечете го приклучокот ако кабелот
! за вшмукување на прашина е потребна
перфорирана брусна хартија
! перфорацијата на брусната хартија треба да е
соодветна на перфорацијата на брусната
плоча
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
! целосната површина за брусење треба да
биде прекриена со брусна хартија кога ќе го
користите алатот
• Вшмукување прашина 7
- кога го користите алатот со/без правосмукалка,
поставете адаптер за правосмукалка A како што е
прикажано
! не користете правосмукалка кога брусите
метал
• Прекинувач за вклучување/исклучување
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот B 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
• Држење и насочување на алатот 8
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- држете го алатот паралелно со површината која ја
обработувате
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
- отворите за ладење C 2 држете ги отворени
• Брусење
- количината на отстранетиот материјал се
одредува преку изборот на хартијата за брусење и
применетиот притисок
! ако го зголемите притисокот за брусење, тоа
нема да доведе до зголемување на
капацитетот на брусење, туку до зголемено
абење на алатот и на хартијата за брусење
! никогаш не користете ја истата брусна хартија
и за дрво и за метал
85
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

7335

Tabla de contenido