Milwaukee MXF DCD150 Manual Original página 68

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ
Со помош на контролниот панел, можете да избегнете
преоптоварување на моторот и предвремено абење на
битот за дупчење.
Дигитална либела
Со помош на дигиталната либела
можете да се осигурите дека
дијамантската бормашина е
нивелирана за време на дупчењето.
Дигиталната либела може да се
користи и за рачна операција, но и со
штендер за дупчење.
Приказ на моќноста
тцрвенот
Помало преместување
напред
тзеленат
Идеално преместување
напред (штендер за
дупчење)
тзеленат
Добро преместување
напред
тжолтот
Преместување напред
во ред
тжолтот
Повеќе преместување
напред
Приказот на моќноста дава порака за преместувањето
напред што се применува за време на дупчењето. Кога се
применува притисок на бормашината, засветуваат LED
сијаличките една по една. Зголемувајте го или намалувајте
го преместувањето напред додека свети зелената LED
сијаличка и не се добие идеалната состојба.
СОВЕТ: Зелената „идеална состојба" се достигнува
најдобро со штендерот за дупчење. Кај повеќето процеси
на рачна работа, засветува жолтата LED сијаличка што
означува „Во ред" или зелената за „Добро".
Внимавајте на забелешките од производителот за
навлегување на нови дијамантски битови за дупчење.
Откако ќе навлезе битот, при послабо преместување
напред се отстранува дијамантскиот слој, навлегувањето се
забавува и тоа предизвикува отапување на битот.
Преголемото преместување напред може да предизвика
оптоварување на моторот или прерано абење на
дијамантските битови за дупчење, пред сè кога се дупчи
челична арматура. Работете со примена на соодветно
преместување напред и не обидувајте се да го форсирате
битот низ материјалот.
ПРИКАЗ НА СОСТОЈБА НА ПОЛНЕЊЕ
По активирањето на машината, индикаторот за батеријата
го прикажува преостанатото време за работа на батеријата.
Индикаторот го покажува статусот на полнењето на
заменливата батерија. Ако е наполнета помалку од 10%, ќе
почне да трепка сијаличка на индикаторот. Ако се испразни
до 0%, индикаторот за батерија ќе почне да трепка 8 пати.
Тогаш, наполнете ја заменливата батерија.
10-32%
32-55%
55-77%
77-100%
ПРИКЛУЧОК ЗА ВОДА
Достапно е поврзување на алатката со вода за ладење на
дискот за сечење и намалување на таложењето на прав.
Ладењето со вода треба да се користи при секоја употреба
за сечење на бетон.
134
МАКЕДОНСКИ
За најдобри резултати, дозволете водата да го обложи
целиот диск за сечење пред обработката.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY
на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.
milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да
ја симнете на Вашиот смартфон преку App Store или Google
Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth
поврзувањето ќе биде прекинато. Во таков случај, повторно
воспоставете ја врската рачно.
Уредот соодветствува на минималните барања според EN
55014-2:2015 / EN 301489-1 V2.1.1 / EN 301489-17 V3.1.1.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано
Безжичниот режим е активен и
светло
подготвен за конфигурирање
преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко
Алатката активно комуницира со
светло
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко
Алатката е заклучена поради
светло
безбедност и може да ја отклучи
операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување
на батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење
на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно
27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКА
БАТЕРИЈА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката на
батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете ја
повторно. Доколку машината не се вклучи повторно, можно
е батериското пакување да е испразнето. Тогаш тоа ќе мора
да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби
за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани,
а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
НАОЃАЊЕ НА ГРЕШКИ
Машината вибрира
1. Престанете да дупчите.
2. Исклучете ја бормашината.
3. Отстранете ja заменливата батерија.
4. Проверете дали има лабава ореви и завртки. Затегнете
ако е потребно.
5. Проверете го битот за дупчење дали се движи во круг.
Ако треба, заменете го битот. Ако машината продолжи да
вибрира, отстранете го битот и разлабавениот материјал.
Ако машината продолжи да вибрира и покрај тоа,
обратете се во сервисниот центар на MILWAUKEE.
Блокиран бит за дупчење
Битот за дупчење се блокира затоа што е тап или затоа што
штендерот за дупчење не е фиксиран доволно стабилно.
Причина за тап бит:
• Бројот на вртежи не е соодветен на дијаметарот на битот
за дупчење
• Преголемо преместување напред
• Преслабо преместување напред
• Многу челична содржина во материјалот
• Големи, цврсти дополнителни материјали
• Премногу вода
• Премала моќност на моторот
Дијамантските честички се јасно видливи на остар бит за
дупчење. Остриот бит за дупчење поминува низ/сече без
проблеми армирани материјали.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Да се носи заштитен шлем.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Не работете на скала! Внимавајте да стоите на
безбедно.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник, каде
има такви погони за рециклажа и собирни станици.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
135
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Mxf dcd150-302c

Tabla de contenido