Чување; Чистење - Stihl RMA 248 Manual De Instrucciones

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
15 Чување
► Ако косилката за трева се носи со
расклопени рачки:
► Едно лице нека ја држи косилката за
предниот дел на куќиштето, а друго лице
нека ги држи рачките со двете раце.
► Косилката за трева нека ја подигаат и
носат две лица.
► Ако косилката за трева се носи со склопени
рачки:
► Склопете ги рачките,
► Едно лице нека ја држи косилката за
предниот дел на куќиштето, а друго лице
нека ги држи рачките со двете раце.
► Косилката за трева нека ја подигаат и
носат две лица.
Транспортирање на косилката за трева во
возило
► Прицврстете ја косилката за трева во
исправена положба, така што нема да се
врти и движи.
14.2
Транспортирање на
акумулаторот
► Исклучете ја косилката за трева, извадете
го акумулаторот.
► Осигурете се дека акумулаторот е во
безбедна состојба.
► Спакувајте го акумулаторот така што се
исполнети следниве услови:
– Пакувањето не е електрично
спроводливо.
– Акумулаторот не може да се поместува
во пакувањето.
► Наместете го пакувањето така што нема да
се поместува.
За акумулаторот важат прописите за
транспорт на опасни материи. Акумулаторот е
класифициран како UN 3480 (литиум-јонски
батерии) и е тестиран во согласност со
Упатството за тестови и критериуми на ООН
Дел III, потдел 38.3.
Прописите за транспорт се наведени на
www.stihl.com/safety-data-sheets .
15 Чување
15.1
Складирање на косилката за
трева
► Исклучете ја косилката за трева, извадете
го безбедносниот клуч и извадете го
акумулаторот.
► Складирајте ја косилката за трева така што
ќе бидат исполнети следниве услови:
– Косилката за трева е вон дофат на деца.
0478-131-9861-B
7.2.2.
– Косилката за трева е чиста и сува.
– Косилката за трева не може да се
преврти.
– Косилката за трева не може да се
стркала.
15.2
Складирање на акумулаторот
STIHL препорачува складирање на
акумулаторот со ниво наполнетост помеѓу
40% и 60% (2 зелени ЛЕД-диоди).
► Складирајте го акумулаторот така што се
исполнети следниве услови:
– Акумулаторот е вон дофат на деца.
– Акумулаторот е чист и сув.
– Акумулаторот е во затворена просторија.
– Акумулаторот е одделен од косилката и
полначот.
– Акумулаторот е во електрично
непроводливо пакување.
– Акумулаторот е во температурниот опсег
од ‑ 10 °C до + 50 °C.
16 Чистење
16.1
Легнување на косилката за
трева
► Исклучете ја косилката за трева, извадете
го безбедносниот клуч и извадете го
акумулаторот.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Откачете ја корпата за искосена трева.
► Поставете ја висината на сечење во
најниската позиција,
► Држете ја рачката (1) и олабавете ги
навртките со копче (2).
► Ставете ја рачката (1) одзади.
► Отворете и држете ја клапната за
исфрлање (3).
► Легнете ја косилката за трева на грб.
македонски
12.2.
529
loading