OBJ_BUCH-1736-005.book Page 262 Thursday, December 8, 2016 10:59 AM
262 | Македонски
Менување на листови за пилата
(види слики D1–D4)
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 46
со инбус клуч (5 mm) 34 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 45, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 45 и
одвртете го шрафот 46 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 47.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 11 наназад до крај.
– Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција и извадете го листот за пилата 12.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 11 наназад до крај и
држете ја во оваа позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 48.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
– Поставете ја стезната прирабница 47 и шрафот 46.
Притиснете ја блокадата на вретеното 45 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
1 609 92A 2NV | (8.12.16)
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач 38 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 8 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 38.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 38.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 33, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Завртете ја завртката за подесување 4 сосема нагоре.
– За фиксирање на масата за пила 15 затегнете го
копчето за фиксирање 20.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 8 надолу.
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 38 може да се притисне
навнатре.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика F)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на десната и левата
страна со помош на продолжетоците 13.
– Преклопете го затегнувачкиот лост 16 нагоре.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 13 до
саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 16 надолу.
Поместување на граничната водилка (види слика G)
При сечење на агли со закосување мора да ја поместите
одн. сосема да ја извадите подесливата гранична водилка
27.
Агол на косо сечење
вертика-
хоризон-
лно
тално
– Олабавете ја завртката за
–2°– 47°
≤ 44°
блокада 28.
(десно)
– Целосно извлечете ја
граничната водилка 27
нанадвор.
Bosch Power Tools