Milwaukee 2212-20 Manual Original página 32

Ocultar thumbs Ver también para 2212-20:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 11
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Макс. напон помеѓу приклучок и земја
CAT IV
Работна температура
Температура на чување
Макс. Работна висина над Нормална нула
Тест на паѓање
Времетраење на батерија
Батерија
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА МЕРЕН
АПАРАТ
Не извршувајте мерења во струјни кола со напони над
600 V. Употребувајте само контролни кабли што се
наменети за 600 V или повеќе.
При мерење струја отстранете ги контролните кабли од
мерниот апарат.
Не ги допирајте мерните врвови за време на мерењето.
За избегнување опасност од електричен удар при
мерење на отпорот, контрола на протокот и мерење на
капацитетот, ваквите мерења никогаш не ги вршете под
напон.
Не вршете мерења во простории со лесно запаливи
гасови. Употребата на мерниот апарат може да
предизвика искри, што може да доведе до експлозија.
Не го употребувајте мерниот апарат доколку куќиштето
или Вашата рака е влажна.
Не ги пречекорувајте максималните дозволени влезни
вредности за овој мерен апарт.
Вршете мерење на струјни кола под напон само доколку
тоа е безусловно неопходно.
Најпрво тестирајте го функционирањето на мерниот
апарат на некое познато коло. Секогаш поаѓајте од тоа,
дека струјното коло е под напон, сè додека не се
потврди дека истото не е под напон.
Не се заземјувајте за време на мерењето. Избегнувајте
контакт на телото со заземјени делови како што се
цевки, грејни тела, печки или фрижидери.
Никогаш не го отворајте капачето од фахот за батерија
за време на мерење.
Употребувајте го мерниот апарат само за предвидените
употреби и во предвидените услови на опкружувањето.
Во спротивно безбедносните функции на мерниот
апарат не можат да функционираат уредно и можно е да
дојде до тешки телесни повреди односно оштетувања на
мерниот апарат.
За избегнување на опасноста од електричен удар или
светлински лак, носете соодветна заштитна облека во
опкружување од кабли под напон.
Никогаш не вршете мерења со дефектен мерен апарат,
на пример при оштетено куќиште или положени метални
делови врз мерниот апарат.
Не нанесувајте дополнителни делови на мерниот апарат
и не правите измени на мерниот апарат. За поправка
или рекалибрација испратете го мерниот апарат во
овластена служба за клиенти на Milwaukee.
62
МАКЕДОНСКИ
600 V
0°C - 50°C
-10°C - 60°C
2000 m
1 m
приближно 20 h со сите функции
2 AAA
185 g
Употребувајте со Milwaukee мерниот апарат само
контролни кабли на Milwaukee. Проверете ги
контролните кабли пред употребата по однос на нивно
оштетување.
Контрола на напонот без контакт:ЛЕД не ја прикажува
состојбата на електрична инсталација. Дури и кога ЛЕД
во текот на мерење не свети, никогаш не допирајте
проводници, кои би можеле да се наоѓаат под напон.
Тестирајте го функционирањето на ЛЕД на некој познат
извор на напон. Доколку ЛЕД не свети, во тој случај
детекторот на напон е дефектен и не смее да се
употребува за мерења! Врз контролата на напонот без
контакт влијаат екстерни напони исто како што влијае и
тоа, како мерниот апарат се држи односно поставен.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА БАТЕРИИ
За беспрекорна работа во апаратот мора да бидат
уредно ставени 2-AA батерии. Не употребувајте други
видови на напојување со напон или струја.
Секогаш чувајте ги батериите вон дофат на деца.
Не употребувајте мешавина од нови и употребувани
батерии. Не употребувајте мешавина од батерии на
различни производители (или различни типови од еден
производител).
Не употребувајте истовремено батерии што можат да се
полнат и батерии што не можат да се полнат.
Ставајте ги батериите според симболите + / – .
Искористените батерии отстранете ги веднаш уредно.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи деца) со намалени телесни, сензорични или
душевни способности или со недостаток на искуство
односно стручно знаење, освен во случај кога
наведените лица соодветно се инструирани или
надгледувани од страна на лице кое што е одговорно за
нивната безбедност. Покрај тоа децата ионака треба да
бидат надгледувани за да бидете сигурни дека нема да
играат со апаратот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Со волтометарот може да се вршат следните мерење:
наизменичен напон, еднонасочен напон, тест на
континуитет. Уредот е прикладен за вршење на сите
претходно наведени мерења.
ВРШЕЊЕ НА МЕРЕЊЕ
Авто функција
Мерниот уред е дизејниран така што секогаш автоматски
го поставува опсегот на мерење. Со помош на авто
функцијата, уредот автоматски го избира опсегот со
најдобра резолуција.Кога нема напон, уредот автоматски
се префрла од режим на наизменичен/еднонасочен
напон на режим на континуитет. Распознавањето на
наизменичниот и еднонасочниот напон се врши
автоматски и ќе се пoкaже на дисплејот.
Предупредување опасен напон
Ако измерениот напон е повисок од 35 V наизменичен/
еднонасочен напон, LED светилката ќе свети
ЦРВЕНО, а ќе следи и сигнал на рамномерни временски
растојаниja.
Индикација за превисок напон
Ако измерениот напон го надмине горниот мерен праг
(над цца. 600 V), LED светилките
и
веднаш
едноподруго и наизменично ќе трепкаат ЦРВЕНО и
ЖОЛТО. Следува сигнал трипати едноподруго.
Автоматско исклучување
10 минути по вклучувањето, мерниот уред по два
предупредувачки тонa автоматски ќе се исклучи. За
повторно да го вклучите уредот, притиснете го
ON-копчето. Ако дисплејот не свети, тогаш сменете ги
батериите.
Наизменичен/еднонасочен напон
Тестерот на напон автоматски преопознава дали
измерениот напон е наизменичен или еднонасочен, и
тоа го покажува на LCD дисплејот со AC односно DC.
Црвениот тест-кабел да се приклучи во VΩ-портот, а
црниот тест-кабел во COM-портот.
Тест-кабелот да се приклучи на струјното коло што се
тестира.
Ако има напон, јачината на истиот ќе се прикаже на
дисплејот. Ќе следува звучен сигнал и ќе светне
ЦРВЕНИОТ LED.
НАПОМЕНА: Ако се прикажува вредност за еднонасочен
напон и ако каблите се приклучени обратно (црвениот
тест-кабел на минус полот (-) а црниот кабел на плус
полот (+)), се појавува негативна вредност.
ВНИМАНИЕ! Во бучна средина може да варираат
прикажаните вредности, а тоа пак може да влијае врз
измерените вредности.
Тест на континуитет
Ако нема напон, мерниот уред автоматски ќе премине на
режим на континуитет и ќе покаже дали континуитетот е
присутен или не.
Црвениот тест-кабел да се приклучи во VΩ-портот, а
црниот тест-кабел во COM-портот. Мерните врвови на
тест-каблите да се спојат кусо, за индикаторот да се
подеси на нула. Ќе се чуе сигнал.
Тест-каблите да се држат на двата краја од
електричниот вод што треба да се тестира. Ако
измерениот отпор изнесува 20 kΩ или помалку, тогаш
LED светилката ќе свети ЖОЛТО, а ќе следува и
континуиран сигнал.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате
машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Електричните апарати не смеат да
се фрлат заедно со домашниот
отпад.
Електричните и електронсите
апарати треба да се собираат
одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно
фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и
собирни станици.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Со цел за
избегнување електричен удар, пред
отворање на куќиштето или
отстранување на батеријата
отстранете ги контролните кабли.
Маса
Заштитна изолација
Не вршете мерења во струјни кола
со напони над 600V.
>600 V
600 00
600
Не ги допирајте мерните врвови за
време на мерењето.
МАКЕДОНСКИ
63
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido