OBJ_BUCH-1179-006.book Page 209 Wednesday, February 1, 2017 10:13 AM
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
Мерниот уред се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 14).
Laser Radiation Class 2
do not stare into beam
IEC 60825-1:2014
<1mW, 635 nm
Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не го отворајте пакувањето батерија. Постои
опасност од краток спој.
Заштитете го пакувањето батерија од топлина,
на пр. од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои опасност
од експлозија.
Неупотребеното пакување батерија држете го пода-
леку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни
пари, клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат премостување
на контактите. Краток спој меѓу контактите на
батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Bosch Power Tools
При погрешно користење, може да истече течноста
од пакувањето батерија. Избегнувајте контакт со
неа. Доколку случајно дојдете во контакт со
течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста
дојде во контакт со очите, побарајте лекарска
помош. Истечената течност од батеријата може да
предизвика кожни иритации или изгореници.
Полнете ги батериите само со полначи, коишто се
препорачани од производителот. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот производ. При користење на други батерии,
на пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
Не ја принесувајте целната табла за
ласерот 37 во близина на пејсмејкери.
Магнетот создава магнетно поле на целната
табла за ласерот, кое може да ја наруши
функцијата на пејсмејкерите.
Целната табла за ласерот 37 држете ја подалеку од
магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на
магнет. Поради влијанието на магнетите на целната
табла на ласерот може да дојде до неповратни загуби на
податоците.
Полнач за батерии
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Овој полнач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење. Овој полнач
може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор од лица одговорни за
нивната безбедност или се
подучени за безбедно ракување
со полначот и ги разбираат
опасностите кои може да
1 609 92A 1XU | (1.2.17)
Македонски | 209