изгореници.
ВНИМАНИЕ: Кога пржете замрзната храна, како што е помфрит, не треба да ја
надминувате линијата "Макс" за полнење на корпата. Исчистете го мразот од
замрзнатата храна пред пржење. Ако не го сторите тоа, може да предизвика
фритезата да прелее кога храната ќе се става во маслото.
9. Внимателно спуштете ја корпата во резервоарот за масло за да не дојде до
прскање маслото.
10. Ставете го капакот на фритезата додека пржи.
11. Кога периодот за готвење е завршен, свртете ја контролата на температурата во
положба "OFF" и извадете го приклучокот за струја од ѕидниот штекер.
12. Внимателно отстранете го капакот на фритезата, кревајќи го подалеку од вас, за
да дозволите пареата да излезе пред целосно да го отстраните капакот. Чувајте
го лицето подалеку од врвот на апаратот за да избегнете изгореници
предизвикани од пареата која се испушта.
13. Подигнете ја корпата за пржење за рачката и ставете ја на садот за масло за да
дозволите маслото да се исцеди.
14. Откако маслото ќе се исцеди од корпата за пржење, корпата може да се извади и
храната да се служи или да се стави во сад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш оставете ја фритезата целосно да се олади
(приближно 2 часа) пред чистење или складирање. Никогаш не носете го или не
преместувајте го уредот со топло масло внатре.
ВНИМАНИЕ: Металните површини стануваат топли додека работи уредот. Не
го допирајте уредот од страна додека работи.
СОВЕТИ ЗА ПРЖЕЊЕ
1. Секогаш користете ја корпата за пржење.
2. Секогаш користете го капакот додека пржите. Поставувајте го капакот
внимателно.
3. Кога маслото е претходно загреано, индикаторот за спремност ќе се вклучи што
означува дека посакуваната температурата е постигната.
7