Вшмукување На Прав/Струготини; Ставање Во Употреба - Bosch GSA 18 V-LI Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GSA 18 V-LI Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
OBJ_BUCH-760-006.book Page 148 Tuesday, December 16, 2014 4:21 PM
148 | Македонски
Избор на лист за пилата
Користете само листови за пила што се соодветни за
материјалот што се обработува.
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
почетокот од ова упатство. Ставајте само листови за пила со
½"-универзален држач. Листот за пилата не треба да биде
подолг отколку што е потребно за предвидениот рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика B)
Притиснете го листот за пилата 1 силно во прифатот за
лист на пила 3, додека не се вклопи правилно. Притоа
чаурата за блокирање 4 се врти за околу 90° и го
заклучува листот за пилата.
Доколку листот за пилата 1 не се заклучи, свртете ја
чаурата за блокирање 4 за околу 90° во правец на
стрелката, додека не се заклучи во отворена позиција и не
се слушне кликање. Притиснете го листот за пилата 1 уште
еднаш во прифатот за лист за пила 3.
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се сврти
за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се
стави во првичната положба.
Исфрлање на листот за пила (види слика C)
 При исфрлањето на листот за пила, држете го
електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.
Свртете ја чаурата за блокирање 4 за околу 90° во правец
на стрелката. Листот за пила 1 ќе се исфрли.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
1 609 92A 110 | (16.12.14)
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Прекинувачот за бирање на бројот на одови 6 ставете го
во средна позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување. Ставете ја
наполнетата батерија 9 во предната страна на подножјето
на електричниот апарат. Целосно вметнете ја батеријата
во подножјето, додека црвената линија не исчезне и
додека батеријата не се заклучи.
Промена на бројот на одови
Со прекинувачот за бирање на број на одови 6 може да го
промените бројот на одови на електричниот апарат.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 7 е
притиснат ова не е возможно.
Прекинувач за бирање на бројот на одови 6 на средина:
Активирана е блокадата при вклучување.
Прекинувачот за вклучување/исклучување 7
е блокиран и електричниот апарат е осигуран
од невнимателно вклучување.
Прекинувач за бирање на бројот на одови 6 налево:
1. брзина, помал број на одови.
Помалиот број на одови е погоден за
обработка на потврди материјали, на пр.
челик, обоен метал, тврда пластика, или за
фино сечење во дрво и за сечење со
вдлабнување.
Поради малиот број на одови се овозможува
работа со малку вибрации.
Прекинувач за бирање на бројот на одови 6 надесно:
2. брзина, голем број на одови.
Големиот број на одови е погоден за
обработка на меки материјали.
Големиот број на одови овозможува побрз
напредок во работата, на пр. за грубо сечење
на дрво.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот апарат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 и држете го
притиснат.
За Исклучување на електричниот апарат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido