Батерија; Чистење На Машината; Чистење И Подмачкување На Уредот Со Сечивото - GGP ITALY MH 24 Li Manual De Instrucciones

Cortasetos de pértiga por batería
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 123
ова упатство треба да се извршат кај
застапникот или во овластен сервис.
7.2 БАТЕРИЈА
7.2.1 Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата
главно е условена со:
a. факторите на средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на батеријата:
– сечење/регулација на грмушки
со многу лисја или мокри,
– сечење/регулација на жбунови
чии гранки се многу големи,
b. однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во
текот на работата,
– употреба на несоодветна техника
за сечење во однос на работата што
треба да се заврши (пасус 6.4.1);
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• сечете ја грмушката кога е сува,
• користете ја најсоодветната
техника за работа.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна
батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
• да набавите батерија со поголема
автономија во однос на стандардната
батерија (пасус 15.1).
7.2.2 Исклучување и полнење
на батеријата
1. Притиснете го крилцето за блокирање
на местото за батеријата (сл. 10.B) и
извадете ја од местото (сл. 10.A);
2. ставете ја батеријата (сл. 11.А) на
своето место за полнење (сл. 11.B);
3. поврзете го полначот на батерии
(сл. 12.Б) во извор на ел. енергија
со соодветен напон како оној
што е посочен на етикетата.
4. Секогаш полнете го до крај следејќи
ги упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се
доставува со заштита што го прекинува
полнењето ако температурата во
средина не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може
да се полни во секој момент, дури и
делумно без ризик од оштетување.
7.2.3 Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете ја батеријата (сл. 12.А)
од нејзиното место во полначот за
батеријата (избегнете да ја држите
за местото под полначот);
2. откачете го полначот на батерии
(сл. 12.B) од струја,
3. ставете ја батеријата (сл. 10.A) на
своето место притискајќи ја докрај
сè додека не слушнете звук на
кликнување што ја блокира на место
и обезбедува електричен контакт.
7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
На крајот на секоја работа,
исчистете ја машината детално од
прав и остатоци при работа.
• За намалување на ризикот од
запалување, одржувајте ги машината,
а особено моторот од остатоци од
лисја, гранки и прекумерно масло.
• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага
со мека и сува крпа. Влагата остава
простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
• За да избегнете прегревање или
оштетување на моторот и на батеријата,
секогаш проверувајте дали решетката за
воздух за ладење е чиста и без остатоци.
7.4 ЧИСТЕЊЕ И ПОДМАЧКУВАЊЕ
НА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО
По работата, мора да го исчистите
и подмачкате сечивото за да му ја
продолжите функцијата и долготрајноста.
MK - 10
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido