2. МОТОР - Постапувајте според упатствата за
подмачкување од прирачникот за моторот.
10. ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: Не чистете го моторот со црево.
Водата може да го оштети моторот или да го загади
горивниот систем.
1. Бришете ја главата со сува крпа.
2. Чистете со црево под главата навалувајќи ја
косилката така што свеќичката ќе биде горе.
10-1 ПРЕЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХОТ НА
МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Не дозволувајте земја или
прашина да го затнат сунѓерестиот елемент на
филтерот за воздух. Елементот на пречистувачот за
воздух на моторот треба да се сервисира (чисти) по
25 часа нормално косење. Сунѓерестиот елемент
мора да се сервисира редовно ако косилката се
користи во суви правливи услови.
ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
1. Извадете го шрафот. (Сл. 35 за PLM4632N и
PLM5130N)
2. Подигнете го јазичето на капакот на филтерот.
(Сл. 36 за PLM4630N2 и PLM4631N2)
3. Извадете го капакот на филтерот.
4. Измијте го елементот на филтерот во сапуница. НЕ
КОРИСТЕТЕ БЕНЗИН!
5. Исушете го елементот на филтерот на воздух.
6. Ставете неколку капки масло SAE30 на
сунѓерестиот филтер и притиснете благо за да се
отстрани вишокот масло.
7. Вратете го филтерот на место.
8. Затворете го капакот на филтерот.
НАПОМЕНА: Заменете го филтерот ако е
распарчен, искинат, оштетен или не може да се
исчисти.
10-2 СЕЧИЛО
ВНИМАНИЕ: Внимавајте да го откачите и
взејмите кабелот на свеќичката пред да работите на
сечилото за да не дојде до случајно палење на
моторот. Заштитете ги рацете со тешки ракавици или
крпа за да ги фатите сечилата. Навалете ја косилката
како што е одредено во посебниот прирачник за
моторот. Извадете ги имбус завртката и шајбната што
ги држат сечилото и адаптерот за погонската оска на
моторот. Извадете ги сечилото и адаптерот од оската.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Повремено
проверувајте го адаптерот за сечилото да не е
напукнат, особено ако удрите во некој предмет.
Заменете ако е потребно.
За најдобри резултати, сечилото треба да е остро.
Сечилото може да се наостри откако ќе се извади и ќе
се избруси или истурпија работ за сечење колку што е
можно поблиску до оригиналната состојба. Многу е
важно секој раб за сечење да се избруси подеднакво
за да не дојде до неврамнотежено сечило.
Неправилна рамнотежа на сечилото ќе доведе до
прекумерни вибрации, што може да ги оштети моторот
и косилката. Внимателно врамнотежете го сечилото по
острењето. Сечилото може да се испроба дали е
врамнотежено со ставање на врвот на завртка.
Отстранувајте метал од потешката страна додека не
се врамнотежи рамномерно. (Сл. 37)
Пред повторно да го склопите сечилото и адаптерот за
сечило на уредот, подмачкајте ја погонската оска на
моторот и внатрешната површина на адаптерот за
сечилото со лесно масло. Инсталирајте го адаптерот
на сечилото на оската. Видете на Сл. 37. Ставете го
сечилото со бројот на делот свртен од адаптерот.
Порамнете ја шајбната преку сечилото и вметнете ја
имбус-завртката. Затегнете ја имбус-завртката до
моментот наведен подолу.
10-3 ВРТЛИВ МОМЕНТ ЗА МОНТИРАЊЕ
НА СЕЧИЛОТО
Централна завртка 40 Nm - 50 Nm, за да се обезбеди
безбедно работење на вашиот уред. Сите навртки и
завртки треба да се проверуваат повремено дали се
затегнати. По подолга употреба, особено на
попесоклива почва, сечилото ќе се изаби и ќе го изгуби
оригиналниот облик. Ефикасноста на сечење ќе биде
намалена и сечилото треба да се замени.
Заменувајте го само со фабрички одобрено сечило.
Производителот не е одговорен за евентуални
оштетувања поради неврамнотеженост на сечилото.
Кога го менувате сечилото, треба да го користите
оригиналниот тип означен на сечилото (MAKITA
263001451 за PLM4630N2/PLM4631N2/PLM4632N,
MAKITA 263002552 за PLM5130N) (за да го нарачате
сечилото, контактирајте со локалниот продавач или
повикајте ја нашата компанија, видете на насловната
страница).
10-4 МОТОР
Видете во посебниот прирачник за моторот за
упатства за одржување на моторот.
Одржувајте го моторното масло како што е наведено
во посебниот прирачник за моторот спакуван со
вашиот уред. Прочитајте ги упатствата и проследете
ги внимателно.
Сервисирајте го пречистувачот за воздух како што е
наведено во прирачникот за моторот под нормални
услови.
При крајно правливи услови, чистете на неколку часа.
Слаби перформанси на моторот и преплавување
обично укажуваат дека пречистувачот на воздух треба
да се сервисира.
За да го сервисирате пречистувачот на воздухот,
видете во прирачникот за моторот спакуван со вашиот
уред.
297