Bosch LR Professional 60 Manual Original página 190

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
190 | Македонски
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (1) се
прикажува со сигнален тон.
Може да ја промените гласноста или да го исклучите
сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон,
притискајте на копчето Сигнален тон (20), додека на
екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска
гласност, приказот за сигнален тон (g) се појавува на
екранот со една црта, при повисока гласност со 3 црти, а
при исклучен сигнален тон се губи.
Независно од поставката за сигнален тон, се огласува
краток низок тон при првото пресретнување на
ласерскиот зрак со приемното поле (1) за потврдување.
Поставката на сигналниот тон ќе се зачува при
исклучувањето на ласерскиот приемник.
Мени за подесување
Повикување на менито за подесување: Притиснете
истовремено кратко на копчето X‑оска (16) и на копчето
Y‑оска (15).
За промена на поставка во под-менито: Притиснете го
копчето X-оска (16) или копчето Y-оска (15), за да
менувате помеѓу поставките. Последната избрана
поставка ќе се зачува автоматски кога ќе го напуштите
менито.
Менување подмени: Кратко притиснете го копчето за
режим CenterFind (17) за да одите во следното подмени.
Напуштање на менито за подесувањето: Притискајте го
копчето за режим CenterFind (17), додека не се исклучи
менито за подесување. Алтернативно, менито за
подесување автоматски ќе се исклучи по околу 10 s по
последното притискање на копчето.
Следниве подменија се достапни:
– Мерни единици за приказ на релативна висина: При
повикување на менито за мерни единици се појавува
актуелната одбрана мерна единица во приказот за
текст (e), достапните мерни единици може да се видат
во приказот Мерна единица (d).
– LED-прикази за насока (LED): Трите LED-прикази за
насока (2), (4) како и (3) може да се сменат во
осветленостa или да се исклучат. LED-светилките
светат во избраната поставка.
– Осветлување на екранот (LIT): Осветлувањето на
екранот може да се вклучи (LED-светилката свети
зелено) или да се исклучи (LED-светилката свети
црвено).
– Функција за зачувување на последниот прием
(MEM): Приказот за насока, на кој ласерскиот зрак го
напуштило полето за прием, може да биде вклучено
(LED-светилката свети зелено) или исклучено (LED-
светилката свети црвено).
– Централни функции (CF/CL) (LR 65 G): Може да
бирате помеѓу режимот CenterFind (CF) и
режимот CenterLock (CL). Актуелниот режим се
појавува на приказот за текст (e).
1 609 92A 7M6 | (12.05.2022)
Освен поставувањето на осветлувањето на екранот, сите
други поставки при исклучување на ласерскиот
приемник ќе се зачуваат.
Функции
Режим CenterFind (види слика C)
Во режимот CenterFind, ротирачкиот ласер се обидува
автоматски да го порамни ласерскиот зрак на
средишната линија на ласерскиот приемник со движење
на ротирачката глава нагоре-надолу.
При хоризонтална положба на ротиричкиот ласер во
однос на X‑оска на ротиричкиот ласер, на Y‑оска или на
двете оски, ласерскиот зрак може истовремено да се
порамни (види „Определување на навалувањето со
режимот CenterFind (види слика D)", Страница 191).
При вертикална положба на ротирачкиот ласер, можно
е само едно порамнување на Y‑оската.
Стартување на режимот CenterFind:
Поставете го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник
така што ласерскиот приемник е во правец на X-оската
или Y-оската на ротирачкиот ласер. Порамнете го
ласерскиот приемник така што саканата оска лежи во
десниот агол на приемното поле (1).
Доколку ласерскиот зрак треба да биде порамнет на
двете оски, тогаш поставете еден ласерски приемник
поврзан со ротирачкиот ласер во правец на оските X и Y.
Секој ласерски приемник мора да биде во рамките на
полето на вртење од ±8,5 % на ротирачкиот ласер.
Вклучете го ротирачкиот ласер во режим на вртење.
LR 65 G: Во менито за подесување, централната функција
мора да биде поставена на режимот CenterFind (CF).
Доколку ротирачкиот ласер е порамнет на две оски, тоа
се однесува за двата ласерски приемника.
За стартување на режимот CenterFind за X‑оската
држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17),
или држете притиснато на копчето за
режим CenterFind (17) со копчето за X‑оска (16).
За стартување на режимот CenterFind за Y-оската
држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17)
со копчето за Y‑оска (15).
Ако ласерскиот зрак треба да се порамни на двете оски
во исто време, режимот CenterFind мора да започне
одделно кај секој ласерски приемник.
Bosch Power Tools
loading

Este manual también es adecuado para:

Lr professional lr 65 g