OBJ_BUCH-716-005.book Page 284 Wednesday, December 3, 2014 11:12 AM
284 | Македонски
Замена на ланецот и плочата (види слика A)
Проверете ги ланецот и плочата според упатствата дадени
во поглавието „Затегнување на ланецот".
Водечкиот жлеб на мечот се изабува со текот на времето.
Свртете го мечот за 180° при промена на синџирот на
пилата, за да го изедначите изабувањето. Затегнувачките
запци на синџирот 22 мора да се репозиционираат на
мечот.
Проверете го дискот на ланецот 18. Ако е истрошен или
оштетен, треба да се замени во овластен Бош сервис.
Оштрење на ланецот
Синџирот на пилата може стручно да се наостри во
овластена сервисна служба за Bosch-електрични апарати.
Со уредот за острење на синџири на Bosch или со Dremel-
Multi со додаток за брусење 1453 синџирот можете и
самите да го избрусите. Внимавајте на приложеното
упатство за брусење.
Проверка на автоматското подмачкување
Правилното фунционирање на подмачкувањето
проверете го така што ќе ја насочите пилата додека работи
кон лист хартија или картон што се наоѓа на земја. Не
допирајте ја земјата со пилата, држете ја на безбедно
растојание од 20 цм. Ако на листот рамномерно прска
масло, автоматското подмачкување работи. Ако на листот
нема масло и покрај тоа што резерварот за масло е полн со
масло, види во поглавието „Отстранување грешки" или
обратете се во Бош сервисен центар.
После употреба/складирање
Исчистете го извалканото куќиште на пилата со мека четка
и чиста крпа. Не користете вода, разредувачи и полир
пасти. Отстранете го сето ѓубре, особено од отворите за
ладење на моторот.
1 – 3 часа по завршувањето на работата, тргнете ја
покривката 15, плочата 11 и ланецот 10 и исчистете ги
користејќи четка.
Исчистете под покривката 15, дискот 18 и плочата од
преостанатата валканштина. Исчистете го одводот за
масло 19 со чиста крпа.
Доколку механизмот за затегнување на синџирот 15 е
тешко достапен, извадете го капакот 27, свртете ги
затегнувачката рачка 14 и затегнувачкиот прстен на
синџирот 13 еден наспроти друг, така што наслагите во
внатрешноста на механиката ќе се ослободат и ќе
испаднат. Лесно тропнете со поклопецот 15 на цврста
површина. Доколку механиката е многу извалкана, за
чистење употребете мека четка или компресиран воздух,
а во никој случај не употребувајте било какви алати. (види
слика J)
Ако ја складирате пилата на подолг период, исчистете го
ланецот 10 и плочата 11.
Чувајте ја пилата на суво, безбедно место вон дофат на
деца.
Внимавајте да ја поставите пилата со капачето за масло 4
нагоре.
Ако пилата ја чувате во оригиналното пакување,
резервоарот за масло мора потполно да се испразни.
1 609 92A 11D | (3.12.14)
Опрема
Ланец
за мечот 350 mm . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 239
за мечот 400 mm . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 240
Плоча со ланец
350 мм . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 241
400 мм . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 242
Друга опрема
Сет за острење/чистење на синџирот . . . . F 016 800 263
Масло за ланец за пила, 1 литар . . . . . . . . . 2 607 000 181
Биоразградливо масло за синџирот
на пилата, 5 литри . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 111
Заштитни ракавици . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2 607 000 134
Заштитни очила . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 178
Заштита на слухот SNR 19 . . . . . . . . . . . . . . 2 607 990 042
Заштита на слухот SNR 24 . . . . . . . . . . . . . . 2 607 990 043
Транспортна заштита . . . . . . . . . . . . . . . . . . 1 605 510 329
Сервисна служба и совети при користење
При секоја кореспонденција и нарачка на резервни
делови, Ве молиме вклучете го десетцифрениот број што
се наоѓа на натписната плочка.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools