МК
Опис на уредо т
(Дел. 1)
Оперирање на замрзн увачо т
Подесување на температурата
Температурата на замрзнуваччот се
подесува со копче на термостатот, позиција
„MAX" е најниската температура.
Постигнувањето на температурата е
различно и зависи од условите на употреба,
како што се: местото на кое е поставен,
температурата на околината, зачестеноста
на отварањето на вратата, количината на
храна и др. Положбата на копчето на
термостатот ќе се менува спрема овие
фактори. Обично, ако температурата на
околината е 32°C, термостатот ќе биде
прилагоден на средната позиција.
Сигналната табла се наоѓа на предниот
дел на замрзнувачот
1. Копче за подесување на термостатот -
подесување на внатрешната температура.
2. Зелена LED сијалица - покажува дека
уредот прима струја.
3. Црвена LED сијалица - свети ако
температурата во замрзнувачот е
превисока. LED сијалицата ќе свети околку
15-45 минуто после уклучувањето на
уредот. Ако LED сијалицата се уклучи за
време на функционирањето, тоа значи дека
има дефект.
4. Портокалово копче - брзо замрзнување -
со притискање на портокаловото копче,
карактеристиката се уклучува и покажува
дека уредот започнал со начинот на работа
,,брзо замрзнување,, За деактивирање на
оваа функција, повторно притиснете го
копчето и светлото ќе се исклучи.
Три LED сијалици ви даваат информации за
начинот на работењето на уредот.
Упатство за употреба
Совети за чување храна
Овој уред е наменет за чување на
замрзната храна подолг период како и за
замрзнување на свежа храна.
Еден од главните елементи за успешно
замрзнување е пакувањето.
При пакувањето мора да се запазат
следните работи:непропуштањена воздух,
отпорни на ниски температури, отпорни на
течности, маснотии, водена пареа, мирис и
да може да се миат.
Следните типови на пакувања ги
задоволуваат горенаведените барања:
пластичи и алуминиумски фолии,
пластични и алуминиумски ќеси, чаши од
картон кои се премачкани со восок или
пластични чаши.
В А Ж Н О !
- За замрзнување на свежа храна,
користете ја корпата во уредот.
- Не поставувајте голема количина на
храна во уредот истовремено. Квалитетот
на храната најдобро се одржува ако
замрзнувањето е што побрзо. Затоа се
советува да не го преминувате капацитетот
на полнење наведен во „Информации за
уредот". За да го намалите времето за
замрзнување, притиснете го копчето ,,брзо
замрзнување,,.
- Свежата храна не смее да дојде во
контакт со веќе замрзнатата храна.
- Замрзнатата храна која сте ја купиле,
може да се постави во замрзнувачот без
подесување на термостатот.
- Ако на пакувањето не е наведен датумот,
како општ податок земете го најмногу три
месеци.
- Храната, дури и ако е делумно замрзната,
не смее повторно да се замрзнува. Мора
да се конзумира или да се приготви па
потоа да се замрзнува.
- Газираните пијалоци не смее да се чуваат
во замрзнувачот.
- Во случај на прекин на струја, не ја
оварајте вратата на замрзнувачот. На
смрзнатата храна нема да и биде ништо
ако прекинот трае помалку од 36 часа.