Bosch GST Professional 150 CE Manual Original página 161

Ocultar thumbs Ver también para GST Professional 150 CE:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
a
h,B
K
Сечење на метален лим со сечило за пила T 118 AF:
a
h,M
K
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
При ставање или при замена на електричниот алат
u
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила
со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за
пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Bosch Power Tools
GST 150 CE
2
m/s
2
m/s
2
m/s
2
m/s
Исчистете го сечилото на листот за пила пред
u
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Притиснете го SDS-лостот (8) нанапред до крај и држете
го притиснато. Вметнете го сечилото за пила (10) со
запците во правец на резот, додека не се вклопи во
прифатот за сечило за пила (13).
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (9).
Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
u
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечило за пила (види слика B)
При вадењето на сечилото за пила држете го
u
електричниот алат така што нема да се повредат
лица или животни со исфрленото сечило.
Притиснете го SDS-лостот (8) до крај нанапред. Листот за
пилата ќе се отпушти и ќе се исфрли.
Лизгачка папуча (види слика C)
При обработка на чувствителни површини можете да ја
ставите лизгачката папуча (14) на основната плоча (5),
за да спречите гребење на површината.
При поставување на лизгачката папуча (14) закачете ја
напред на основната плоча (5), притиснете ја позади
нагоре и оставете да се вклопи.
Заштита од кинење (види слика D)
Заштитата од кинење (15) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(5) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Вметнете ја заштитата од кинење (15) од напред во
основната плоча (5).
околку ја користите лизгачката папуча (14) не ја
вметнувајте заштитата од кинење (15) во основната
плоча (5), туку во лизгачката папуча.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Македонски | 161
GST 150 BCE
8
7,5
1,5
1,5
7
4
1,5
1,5
1 609 92A 4VE | (04.04.2019)
loading