MTD 53SPBS Manual De Instrucciones página 201

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 54
Упатство за работа - Kосилка за трева со бензински мотор
Транспортираjте го уредот само
со празен резервоар за гориво.
Kапакот на резервоарот мора да
биде затворен цврсто.
Уреди со преклоплива водилка:
За полесно сместување
соберете го управувачот.
Одржување/Чистење
Опасност
!
За заштита од повреди при секое
работење врз уредот
– изгаснете го моторот,
– Извлечете го клучот за палење
(ако има),
– почекаjте сите подвижни
делови целосно да доjдат во
мирување и моторот да се
излади,
– извлечете го приклучокот за
свеќичката за палење од
моторот, за да спречите
несакано стартување на
моторот,
– внимаваjте на дополнителните
совети во прирачникот за
моторот.
Опасност
!
За заштита од повреди од
резниот механизам сите работи
како замена или дополнително
оштрење на резниот нож вршете
ги во стручен сервис (потребни
се специjални алати).
Внимание
Секогаш превртуваjте го уредот
на тоj начин свеќичката за
палење да покажува нагоре за
погонското гориво или маслото
да не предизвика оштетување на
моторот.
Совет
Со редовно одржување се
овозможува долг век на траење и
непречена работа. Недоволното
одржување на уредот може да
доведе до дефекти поврзани со
безбедноста.
Одржување
Внимание
Внимаваjте на прописите за
одржување во прирачникот за
моторот. Hа краjот на сезоната
однесете го уредот на проверка
и одржување во специјализиран
сервис.
Сите поправки, како и замената
на расипаните акумулатори, одн.
прегорени осигурачи вршете ги
само во специjализиран сервис.
Внимание
Загрозување на животната
средина од моторно масло.
Старото масло по промената на
масло предаjте го на собирно
место за старо масло или во
отпад.
Загрозување на животната
!
средина од акумулатори.
Истрошените акумулатори не
спаѓаат во куќниот отпад.
Предаjте ги истрошените
акумулатори на вашиот
продавач или на отпад.
Отстранете ги акумулаторите
пред уништувањето на уредот.
Совет
Внимаваjте на интервалите за
контрола и одржување во
прирачникот за моторот.
Пред секоjа работа
Проверете го нивото на масло,
по потреба дотурете.
Проверете дали навоjните
врски се цврсти, по потреба
затегнете.
Проверете ги безбедносните
уреди.
Проверете jа точката на
зафаќање на споjката:
(само каj уреди со погон на
тркалата)
– Додека моторот работи и
исклучен е погонот на тркалата
уредот не смее да се движи
нанапред.
– Додека моторот работи и
вклучен е погонот на тркалата
уредот треба да се вози
нанапред.
По потреба дотераjте jа точката
на зафаќање со помош на
запчестото тркало/навртката за
дотерување на рачката за
погон на тркалата (според
изведбата, од долната страна
на конзолата за вклучување)
или со влечната саjла.
Совет
Кај некои модели не постои
можност за дотерување.
По првите
2–5 работни часови
Променете го маслото,
погледнете во приложениот
прирачник за моторот.
Еднаш во сезоната
Променете го маслото,
погледнете во приложениот
прирачник за моторот.
Подмачкаjте ги зглобовите и
вртливата пружина на
клапната за исфрлување.
Hа краjот на сезоната
однесете го уредот на
проверка и одржување во
сервис.
Чистење
Внимание
Чистете го уредот по секоjа
примена. Hеисчистениот уред
води кон оштетување на
материjалот и на
функционирањето.
За чистење на користете чистач
под висок притисок.
Чистење на собирачот на
трева
(само каj уреди со собирач на
трева)
Чистењето е најлесно веднаш по
косењето.
Отстранете го собирачот на
трева и испразнете го.
Собирачот на трева може да
се исчисти со силен воден
млаз (градинарско црево).
Собирачот на трева темелно
исушете го пред следното
користење.
Чистење на косилката за
трева
Опасност
!
При работа врз резниот
механизам можете да се
повредите. За Ваша заштита
носете работни ракавици.
Македонски
201
loading