MTD 53SPBS Manual De Instrucciones página 195

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 54
Упатство за работа - Kосилка за трева со бензински мотор
Содржина
За ваша безбедност . . . . . . . 195
Mонтирање . . . . . . . . . . . . . . 197
Ракување . . . . . . . . . . . . . . . 197
Совети за нега на косилката 200
Транспорт . . . . . . . . . . . . . . . 200
Одржување/Чистење . . . . . . 201
Ставање во мирување . . . . . 202
Гаранциjа . . . . . . . . . . . . . . . 202
Информациjа за моторот . . . 202
Откривање и отстранување
на пречките на пречките . . . 202
Податоци на типската
ознака
Слика 11
Овие податоци се многу важни за
подоцнежна идентификација за
нарачка на резервни делови за
уредот и за сервисната служба.
Типската ознака ќе jа наjдете во
близина на моторот.
Структура
1 Број на модел
2 Група уреди
3 Вртежи на моторот
4 Ознака CE
5 Производител
6 Тежина
7 Перформанс
8 Сериски број
9 Година на производство
10 Гарантирана звучна моќност
Овие и другите податоци за
уредот се наоѓаат на посебната
изjава за согласност со СЕ, што е
составен дел од ова упатство за
користење.
Прикази со слика
Отворете ги страниците со слики
на почетокот на упатството за
ракување.
Во ова упатство за ракување се
опишуваат различни модели.
Графичките прикази може во
детали да отстапуваат од
купениот уред.
За ваша безбедност
Kористете го уредот
правилно
Овој уред е наменет исклучиво
за
– користење соодветно на
описите и безбедносните
совети наведени во ова
упатство за работа;
– за косење на тревнати
површини на куќната или хоби
градината.
Секое друго користење не е
соодветно на намената.
Kористењето кое што не е
соодветно на намената
повлекува како последица
губење на гаранциjата и
одбивање на секаква
одговорност од страна на
производителот. Kорисникот
одговара за сите штети на трети
лица и на нивниот имот.
Самоволните промени на уредот
jа исклучуваат одговорноста на
производителот за штетите што
ќе произлезат од тоа.
Внимавајте на
безбедносните совети и
советите за ракување
Kако корисник на овоj уред
прочитаjте го внимателно ова
упатство за ракување пред
првото користење. Постапуваjте
според него и зачуваjте го за
подоцнежна употреба. Hикогаш
не им дозволуваjте на децата
или другите лица кои не се
запознаени со ова упатство за
ракување да го користат уредот.
Сите лица коишто работат на
пуштањето во употреба, на
ракувањето со уредот или
неговото одржување, мора да
имаат соодветни квалификации.
При промена на сопственикот
предаjте го упатството за
ракување заедно со уредот.
Општи безбедносни
напомени
Во овој дел ќе ги наjдете општите
безбедносни совети.
Предупредувањата што посебно
се однесуваат на одредени
делови од уредот, функции или
деjства ќе ги наjдете на
соодветното место во ова
упатство.
Пред работата со уредот
Лицата што го користат уредот
не смее да бидат под влиjание
на пр. алкохол, дрога или
лекови.
Лица под 16 години не смеат да
ракуваат со уредот или да
извршуваат други работи, како
на пр. одржување, чистење,
местење на уредот – локалните
одредби може да ја утврдуваат
минималната возраст на
корисникот.
Не користете го уредот без
соодветна обука или кога сте
уморни и болни.
Овоj уред не е наменет за
ракување од лица (вклучуваjќи
деца) со ограничени физички,
сензорни или ментални
способности или со недостаток
на искуство и/или недостаток на
знаење, освен во случаj кога ги
надгледува лице што е
задолжено за нивната
безбедност или од него добиваат
упатства за користење на
уредот.
Децата треба да се
надгледуваат заради сигурност
дека нема да играат со уредот.
Пред почнување со работа
запознаjте се со сите направи и
елементи за ракување, како и со
нивните функции.
Чуваjте го погонското гориво
само во за тоа дозволени садови
и никогаш во близина на
топлински извори (на пр. печки
или боjлери). Полнете го уредот
со гориво само на отворено.
Hикогаш не го полнете уредот
додека моторот работи или е
врел.
Македонски
195
loading