Информации За Производот - CYBEX SENSORSAFE Manual De Instrucciones

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
и функцијата Bluetooth е активирана на паметниот
телефон, но апликацијата мора да работи во
заднина и да не биде затворена на телефонот.
За поврзување, направете го следното:
1. Повлечете ја лентата за извлекување на
батеријата од спојницата за гради SENSORSAFE
и отфрлете ја (8).
2. Активирајте ја функцијата Bluetooth на паметниот
телефон, отворете ја апликацијата SENSORSAFE
и следете ги упатствата за регистрација.
Затворете ја спојницата. Кога спојницата успешно
ќе се поврзе со апликацијата, ќе се вклучи
ЛЕД-светилка со сина боја и спојницата ќе почне
да праќа информации. Сега може да ја видите
спојницата SensorSafe во списокот со уреди во
апликацијата за мобилни уреди SensorSafe.
3. Тестирајте ги предупредувањата на системот
SensorSafe пред да го употребите со детето,
за да видите на кои начини се активираат
безбедносните известувања.
Како да регистрирате повеќе спојници на еден
паметен телефон
На еден паметен телефон и сметка може да
поврзете повеќе спојници и да бидете поврзани со
нив истовремено. За да го направите тоа, поврзете
го паметниот телефон со секоја поединечна спојница
со кликнување на „Додај нов уред" и следете
ги упатствата. Кога регистрирате нова спојница
првпат, оставете ги откопчани сите други спојници
во близина.
Како да регистрирате повеќе паметни телефони
на една спојница
На една спојница може да регистрирате повеќе
од еден паметен телефон, но само еден паметен
телефон може да биде поврзан активно одеднаш.
Извршете ги чекорите за регистрација за еден
паметен телефон одеднаш. За да се префрлате меѓу
поврзани корисници, поврзаниот корисник мора да
изберете „Исклучи" во Поставките за да му овозможи
на друго лице да се поврзи.
РАБОТЕН ПРИНЦИП
Откако сте ја инсталирале спојницата SENSORSAFE
на седиштето и сте ја поврзале со апликацијата,
таа ќе комуницира со паметниот телефон кога е
затворена. ЛЕД-светилката на спојницата ќе свети со
MK
сина боја кога ќе се поврзе успешно со апликацијата
за мобилни уреди SensorSafe на паметниот телефон.
Црвеното светло покажува дека спојницата не е
поврзана со апликација.
Затворената спојница, поврзана преку функцијата
Bluetooth, ќе ги праќа следните информации кај
апликацијата:
• состојба на спојницата (отворена или затворена)
• амбиентална температура околу спојницата
• состојба на батерија
Освен тоа, SENSORSAFE ќе праќа предупредувања
за можни небезбедни ситуации. Ќе добиете
известување кога:
• амбиенталната температура околу спојницата се
приближува на критично ниво (премногу висока
или премногу ниска),
• спојницата е закопчана подолго од два часа,
• спојницата се откопча,
• се оддалечувате од одреден опсег околу
автомобилот, а спојницата сè уште е затворена.
92
Ако останете предолго надвор од опсегот и
спојницата сè уште е затворена, ќе се известат
членовите на семејството за итен случај што сте ги
одредиле во апликацијата. За да бидете сигурни
дека се примаат овие критични безбедносни
известувања, одредете најмалку 2 семејни
члена за итен случај. Детални информации за
апликацијата SENSORSAFE може да најдете на
www.cybex-online.com.
Спојницата SENSORSAFE е дизајнирана да
преминува во режим на мирување по 12 часа, за
да се зачува времетраењето на батеријата. За да
ја активирате, отворете ја спојницата и затворете
ја повторно.
Кога спојницата SENSORSAFE не се употребува,
��
треба да се чува во отворена позиција за да се
зачува времетраењето на батеријата.
ЗАМЕНА НА БАТЕРИЈАТА
Апликацијата SENSORSAFE ја покажува состојбата
на батеријата на спојницата. Исто така, ЛЕД-
светилката на спојницата ќе трепка брзо откако ќе
се затвори ако батеријата е на ниско ниво, а нема
да трепка воопшто ако батеријата е целосно празна.
Заменете ја батеријата навремено за да може да се
поврзете со SENSORSAFE.
За да ја замените батеријата, отворете го одделот
што се наоѓа во задниот дел на спојницата со
шрафцигер крстач (9). Отстранете ја печатената
плочка и старата батерија. Внесете нова батерија
CR2032 (10) и внесете ја повторно печатената плочка
во спојницата за гради со батеријата завртена
нагоре (11). Откако ќе ја замените батеријата, треба
да бидете во можност да ја поврзете спојницата со
апликацијата SENSORSAFE.
Земете го предвид следното кога ја заменувате
батеријата:
• Сите батерии треба да се чуваат надвор од
дофат на деца.
• Користете го само препорачаниот тип батерии
CR2032 (Panasonic или Energizer).
• Празната батерија мора секогаш да се отстрани
за да се заштити производот од истекување на
течностите од батеријата.
• Никогаш не изложувајте го овој производ или
батеријата на оган.
• Не користете стари батерии или батерии што
покажуваат знаци на истекување или пукнатини.
• Користете само висококвалитетни нови батерии.
• Внимавајте на точниот поларитет (+/–).
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ
За какви било прашања најпрво контактирајте со
продавачот. Треба да ги имате при рака следните
детали:
• сериски број на седиштето (погледнете
ја налепницата на дното на седиштето за
автомобил) и типот на спојница (втиснат на
јазичето на спојницата)
• тежина, возраст и висина на детето
Дополнителни информации за нашите производи
може да најдете на www.cybex-online.com
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido