5 Инсталација
4.
По инсталацијата на цевководите, прописно затво-
рете ги преостанатите слободни отвори.
5.
При свиткување на цевководот во потребниот пра-
вец бидете мошне претпазливи, да се избегне из-
виткување одн. било какво оштетување.
6.
Исечете ги цевководите на тој начин, што ќе преос-
тане доволно долг дел, за да можете да го поврзете
со приклучоците на внатрешната единица.
7.
Ставете ја навртката на цевката за средство за ла-
дење и направете фланширање.
8.
Внимателно отстранете ја изолацијата на сврзните
фланширани места на внатрешната единица.
9.
Закачете ја внатрешната единица на горната шина
за прицврстување на монтажната плоча.
10. Повлечете го долниот дел на внатрешната единица
подалеку од ѕидот и вметнете помошен елемент
меѓу монтажната плоча и единицата (на пр. парче
дрво).
11. Приклучете ги водовите за средство за ладење и
водот за кондензациска вода на соодветните од-
водни водови на уредот.
12. Прописно и одделно изолирајте ги цевките за сред-
ство за ладење (2) и (4).
13. Истите спојте ги со приклучните кабли (3) и цевката
за одвод (5), обвијте ја оваа единица со термоизо-
лациски материјал (6) како што е прикажано на сли-
ката.
14. Внесете ги одзади, напред или странично на внат-
решната единица (1) кон надвор.
5.2.2
Методи за одведување на кондензациската
вода, што настанува во внатрешната
единица
–
За одведување со природна косина, цевката за кон-
дензат мора да има косина од најмалку 1% од внат-
решната единица, за апаратот прописно да ја одве-
дува отпадната вода.
5.2.3
Ракување на цевката за кондензат
▶
Бидете сигурни, дека воздухот циркулира во целата
цевката за кондензат, за да се осигурате дека конден-
108
затот може слободно да се испушти. Инаку конденза-
тите може да се одведуваат преку куќиштето на внат-
решната единица.
▶
Монтирајте го цевководот без свиткување, за да не се
прекине текот на водата.
▶
Ако инсталирате цевка за кондензат надвор, обло-
жете ја исто така со топлотна изолација, за да се
спречи замрзнување.
▶
Ако ја инсталирате цевката за кондензат во соба,
исто така ставете и топлотна изолација.
▶
Избегнувајте инсталација на цевката за кондензат
со зголемено испакнување или со слободни краеви
потопени во вода или со бранови.
▶
Инсталирајте ја цевката за кондензат на тој начин,
што растојанието на слободниот крај до подот ќе из-
несува најмалку 50 mm.
▶
Инсталирајте ја цевката за кондензат на тој начин
што слободниот крај нема да е во близина на извори
со лош мирис, за тие да не навлезат во просторијата.
5.2.4
Приклучете ги цевките за средство за
ладење.
Напомена
Инсталацијата е полесна, доколку прво
се стегне цевката за гас. Цевката за гас е
подебелата цевка.
▶
Монтирајте ја надворешната единица на предвиде-
ното место.
▶
Отстранете ги заштитни приклучоци од приклучоците
за средство за ладење на надворешната единица.
▶
Внимателно свиткајте ја инсталираната цевка во пра-
вец на надворешната единица.
▶
Исечете ги цевководите на тој начин, што ќе преос-
тане доволно долг дел, за да можете да го поврзете
со приклучоците на надворешната единица.
▶
Вметнете ги приклучоците и направете фланширање
на цевката за средство за ладење.
▶
Поврзете ги цевките за средство за ладење со соод-
ветните приклучоци на надворешната единица.
▶
Прописно и одделно изолирајте ги цевките за сред-
ство за ладење. Притоа покријте ги можните места на
разделување на изолацијата со изолациска трака или
изолирајте ја незаштитената цевка за средство за ла-
дење со соодветниот материјал, што се применува во
техниката за ладење.
5.2.5
Планирање на поврат на масло кон
компресорот
Колото на средство за ладење содржи специјално масло,
што го подмачкува компресорот на надворешната еди-
ница. За полесно повлекување на маслото во компресо-
рот:
▶
Ако е можно, внатрешната единица позиционирајте ја
малку повисоко од надворешната единица.
▶
Монтирајте ја цевката за всисување (најдебелата) со
косината кон компресорот.
Кај висини над 7,5 m:
▶
Дополнително инсталирајте сифон или сепаратор за
масла на секои 7,5 метри, во коишто ќе се собираат
Упатство за инсталација и одржување climaVAIR plus 0020250588_04