Одмрзнување; Одмрзнување На Замрзнувачот; Исклучување На Уредот; Чистење И Одржување - Zanussi ZRG10800WA Manual Del Usuario

Ocultar thumbs Ver también para ZRG10800WA:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1
Одмрзнување
Фрижидерот се одмрзнува автоматски
Задниот ѕид на фрижидерот се покрива
со мраз кога работи компресорот и се
одмрзнува кога тој ќе се исклучи. Водата
од одмрзнатиот мраз испарува самата по
себе.
Одмрзнување на замрзнувачот
За време на употреба и кога вратата на
замрзнувачот е отворена, влагата се
депонира во замрзнувачот како мраз.
Отстранувајте го мразот повремено со
мека пластична гребалка. Во никој случај,
не користете тврди или шилести предмети
за отстранување на мразот.
Замрзнувачот треба секогаш да се
одмрзнува кога слојот на мраз ќе достигне
дебелина од приб. 4 милиметри; меѓутоа
најмалку еднаш годишно. Добро време за
одмрзнување е кога уредот е празен или
содржи малку храна.
Предупредување!
Не употребувајте електрични уреди
за загревање или какви било други
механички или вештачки уреди за
забрзување на процесот на одмрзнување,
со исклучок на оние препорачани во овие
упатства.
Не користете спрејови за одмрзнување,
тие можат да бидат опасни по вашето
здравје и/или да содржат супстанци кои ќе
ја оштетат пластиката.
Внимание!
Не допирајте замрзната храна со влажни
раце. Рацете можат да ви се залепат за
храната и да се предизвика нагризување
на кожата.
Извадете ја замрзнатата храна, замотајте
ја во неколку слоја на весник и складирајте
ја, покриена, на ладно место.
Исклучете го уредот од струја, или
исклучете го прекинувачот на колото.
Совет:
Можете да го забрзате процесот на
одмрзнување со топла вода и затварање
на вратата на замрзнувачот. Отстранете ги
паднатите парчиња мраз пред целосно да
се одмрзнат.
По одмрзнувањето, темелно исчистете го
замрзнувачот (видете го делот "Чистење и
одржување").
Исклучување на уредот
Да го исклучите уредот, поставете го
регулаторот на позиција "0".
Ако уредот нема да се користи
подолг период:
Отстранете ги сите пакети во фрижидерот.
Исклучете го уредот со поставување
на регулаторот за температура на
"0". Отстранете го главниот кабел или
исклучете го главниот прекинувач на
колото. Исчистете темелно (видете во
делот "Чистење и одржување").
Оставете ја вратата отворена за да не се
формира непријатен мирис.
Чистење и одржување
Поради хигиенски причини внатрешноста
на уредот, вклучувајќи го и приборот, треба
да се чистат редовно.
Предупредување!
Уредот не треба да биде приклучен во
струја за време на чистење.
Опасност од електричен удар! Пред
чистење исклучете го уред от и
отстранете го кабелот од струја, или
исклучете го главниот прекинувач.
Никогаш не го чистете уредот со чистач
на пареа. Влагата може да се насобере
во електричните компоненти, постои
опасност од
електрилен удар! Жешка пареа може да ја
оштети и пластиката.
37
37
MAD
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido