24_Ronda 5130_MAC:ME chronograph Europe
Местење:
Кратко притискање (помалку од 1 секунда): времето на алармот се поместува
нанапред за една минута.
Долго притискање (повеќе од 2 секунди): времето на алармот се поместува нана-
пред се додека не го отпуштите копчето.
Вклучување/исклучување на алармот:
2 звучни сигнала: вклучување на алармот
1 звучен сигнал: исклучување на алармот
ЗАБЕЛЕШКА: Алармот може да се намести максимално 12 часа пред саканото
време за вклучување на алармот. Кога ќе дојде избраниот момент за вклучување
на алармот, се слуша сигнал во траење од 20 секунди. Сигналот се повторува по
две минути. За да го запрете сигналот, притиснете кратко врз туркачот В.
Сигналот на алармот се слуша само еднаш и неопходно е тој да се вклучува секој
ден со кратко притискање врз туркачот В.
5. ВРАЌАЊЕ НА ХРОНОГРАФСКИТЕ СТРЕЛКИ ВО ПОЧЕТНА ПОЛОЖБА
Доколку стрелките на хронографот не се вратат во почетна положба (нула секунди
нула минути/часа) по ресетирањето:
– Тргнете го винтот во положба 3.
– Задржете ги истовремено туркачите А и В во притисната положба барем 2 секун-
274
All manuals and user guides at all-guides.com
3/06/08
16:54
Page 274
Македонски
Македонски
ди (централниот секундарник се врти за 360°: фунцијата за корекција е вклуче-
на).
ЗАБЕЛЕШКА: Ако не ги користите туркачите подолго од 10 секунди, функцијата за
местење се исклучува.
Местење на стрелката за минути и на стрелката за часови:
– Притиснете еднаш кратко врз туркачот А (помалку од 1 секунда) за поместува-
ње на стрелката за секунди за една секунда.
– Притиснете еднаш подолго врз туркачот А (повеќе од 2 секунди) за поместува-
ње на стрелката за секунди до негово отпуштање.
– Преминете на малиот бројчаник за часови (што се наоѓа во висина на 10 часот),
притиснете кратко врз туркачот В.
– Притиснете еднаш кратко врз туркачот В (помалку од 1 секунда) за поместува-
ње на стрелката за минути за 30 секунди (малиот бројчаник што се наоѓа во
висина на 10 часот).
– Притиснете еднаш подолго врз туркачот В (повеќе од 2 секунди) за поместува-
ње на стрелката за минути до негово отпуштање.
ТАХИМЕТАРСКИ ТАЈМЕР
Тахиметарскиот тајмер Ви овозможува да ја измерете брзината на предмет што се
движи со постојана брзина. Вклучете го хронографот и запрете го по одредено
поминато растојание (на пример 1 километар). Хронографската стрелка ја покажу-
ва врз тахиметарската скала брзината на предметот во км/ч или милји на час (mph).
275