24_Ronda 5130_MAC:ME chronograph Europe
*Се применува во земјите членки на Европската Заедница и во земјите со слична
законска регулатива.
НЕПРОПУСТЛИВОСТ НА ТЕЧНОСТ
Прочитајте го упатството што се наоѓа на дното од кутијата на Вашиот часовник
Victorinox Swiss Army, како и следниве појаснувања:
Непропустлив до 3 АТМ (100 стапки/30 метри). Отпорен на дожд, на испрску-
вање и на ненамерно потопување, но не треба да се носи при туширање
или при капење.
Непропустлив до 5 АТМ (165 стапки/50 метри). Може да се носи при тушира-
ње или при капење во плитка вода. Не смее да се скока во вода со часовни-
кот.
Непропустлив до 10 АТМ (330 стапки/100 метри). Може да се носи при капење
или при површинско нуркање без апарат за кислород.
Непропустлив до 30 АТМ (990 стапки/300 метри). Може да се носи при капе-
ње или при нуркање со или без апарат за кислород.
Непропустлив до 50 АТМ (1650 стапки/500 метри). Може да се носи при капе-
ње или при длабочинско нуркање.
Непропустливоста на течност на Вашиот часовник не може да се гарантира на
неодреден рок заради стареењето на гарнитурата, евентуалните удари врз винтот
или копчињата и климатските/температурните варијации. Ви препорачуваме
непропустливоста на течност на Вашиот часовник да ја проверувате кај одобрен
266
All manuals and user guides at all-guides.com
3/06/08
16:54
Page 266
Македонски
Македонски
сервисер Victorinox Swiss Army на секои 18 месеци или веднаш по отворањето на
куќиштето.
Не користете го никогаш винтот за местење на времето и/или копчињата кога
Вашиот часовник е потопен во вода и проверете после секое користење дали
винтот и копчињата се правилно турнати или зашрафени.
ОДНОС МЕТАР/БАР
Метар и бар не се идентични мерки: притисокот под вода е збир на притисокот на
воздухот и на водата; на 10 метри длабочина постои 1 бар воден притисок, како и
еден бар воздушен притисок врз морската/езерската површина, односно вкупно
притисок од 2 бара.
II. УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
ТУРКАЧИ:
A Хронограф старт/стоп
B Поделувачка временска функција, ресет
ОЗНАКИ НА ЧАСОВНИКОТ:
C Часови
D Минути
E Датум
267