ПРИРАЧНИК ЗА КОРИСНИК
12
ОДРЖУВАЊЕ
Чистете го производот редовно за да
одржите оптимални перформанси и за да
спречите можен дефект.
!
ВНИМАНИЕ
• Исклучете ја струјата и истеглете го струјниот
кабел пред да правите некакво одржување;
инаку може да дојде до струен удар.
• Никогаш да не користите вода потопла од
40°C кога ги чистите филтрите. Може да
предизвика деформација или промена на
бојата.
• Никогаш да не користите испарливи материи
кога ги чистите филтрите. Тие може да ја
оштетат површината на производот.
Совети за работа!
• Да не ја изладувате премногу
просторијата.
Тоа не е добро за здравјето и непотребно
троши електрична енергија.
• Затворете ги ролетните и завесите.
Да не дозволувате директна сончева
светлина да влегува во просторијата кога
работи клима уредот.
• Одржувајте изедначена собна
температура.
Прилагодете го правецот на вертикален и
хоризонтален проток на воздух за да обезбедите
изедначена температура во просторијата.
• Вратите и прозорците треба добро да
бидат затворени.
Избегнувајте отворање на вратите и
прозорците колку што е можно за да го
задржите ладниот воздух во просторијата.
• Чистете го филтерот за воздух редовно.
Блокирањата во филтерот за воздух го
намалуваат протокот на воздух и ги намалуваат
ефектите на ладење и одвлажнување. Чистете
најмалку еднаш секои две недели.
• Проветрувајте ја просторијата
повремено.
Бидејќи вратите се држат затворени,
добра идеја е да се отворат и да се
проветри просторијата одвреме навреме.
Ако клима уредот нема....
Ако клима уредот нема да се користи
подолго време.
1
Користете го клима уредот на следните
поставки 2 до 3 часа.
• Тип на работа: Режим на работа со
вентилатор. (Види страна „Режим со
вентилатор")
• Ова ќе ги исуши внатрешните
механизми.
2
Исклучете го осигурувачот.
!
ВНИМАНИЕ
Исклучете го осигурувачот кога клима
уредот нема да се користи подолго време.
Може да се насобере прашина и може да
предизвика пожар.
3
Извадете ги батериите од далечинскиот
управувач.
Корисни информации
Филтрите за воздух и вашата сметка за
електрична енергија.
Ако филтрите за воздух се запушат со
прашина, капацитетот на ладење ќе
опадне, а 6 % од електричната енергија
користена за работење на клима уредот ќе
се трошат непотребно.
Кога клима уредот ќе се
користи повторно.
1
Исчистете го филтерот за воздух и
поставете го во внатрешната единица.
(Види страна „Одржување и
сервисирање")
2
Проверете да не се блокирани влезот и
излезот за воздух на внатрешната/
надворешната единица.
3
Проверете дали жицата за заземјување е
правилно поврзана. Може да се поврзе
на страната на внатрешната единица.