LG PC09SQNSJ Manual Del Usuario página 343

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
4
• Монтирајте ги добро таблата и капакот на контролната кутија. Постои опасност од
пожар или струен удар поради прав, вода и др.
• Користете го точно рангираниот прекинувач или осигурувач. Постои опасност од
пожар или струен удар.
• Немојте ниту да го менувате ниту да го продолжувате кабелот за струја. Ако
струјниот кабел има гребнатини или излупена обвивка или е оштетен тогаш мора да
се замени. Постои опасност од пожар или струен удар.
• За монтирање, отстранување или повторно монтирање, секогаш контактирајте го
продавачот или овластен сервис центар. Постои опасност од пожар, струен удар,
експлозија или повреда.
• Да не го монтирате производот на оштетено место за монтирање. Осигурете се
местото на монтирање да не се оштети со текот на времето. Може да предизвика
паѓање на производот.
• Никогаш не ја монтирајте надворешната единица на движечка основа или место од
каде што ќе може да падне. Паѓачката надворешна единица може да предизвика
штета или повреда или дури смрт на лице.
• Кај надворешната единица чекорниот кондензатор доставува струја со висок напон
на електричните компоненти. Испразнете го целосно кондензаторот пред да вршите
поправки. Наполнет кондензатор може да предизвика струен удар.
• Кога ја монтирате единицата, користете го инсталациониот комплет обезбеден со
производот. Инаку единицата може да падне и да предизвика сериозна повреда.
• Внатрешните/надворешните поврзувања на жиците мора да бидат добро
прицврстени а кабелот треба да биде правилно наведен за да не може да се истегли
од терминалите за поврзување. Неправилно или лабаво поврзување може да
предизвика создавање на топлина или пожар.
• Безбедно отстранете ги материјалите за пакување. Како шрафови, шајки, батерии,
скршени работи и др. по монтирање или сервисирање а потоа искинете ги и фрлете
ги пластичните ќеси за пакување. Децата може да си играат со нив и да се повредат.
• Проверете го средството за ладење што се користи. Прочитајте ја налепницата на
производот. Користењето на неточно средство за ладење може да спречи нормално
функционирање на машината.
• Апаратот треба да се чува во просторија без извори на палење коишто работат
постојано (на пример: отворени пламени, апарат на гас што работи или електрична
греалка што работи.)
• Да не користите средства за да го забрзате процесот на одмрзнување или за
чистење, поинакви од оние препорачани од страна на производителот.
• Не го дупчете или горете системот на колото на средството за ладење.
• Знајте дека средствата за ладење може да немаат мирис.
• Одржувајте ги сите потребни отвори за проветрување, без било каква опструкција.
• Апаратот треба да се складира во добро проветрено подрачје кадешто големината
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido