Ferm BJM1009 Traducción Del Manual Original página 129

Ocultar thumbs Ver también para BJM1009:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
Поставете го листот (18) врз прирабницата
(17).
Внимавајте стрелката на листот да ја
покажува истата насока со стрелката од
внатрешноста на куќиштето.
Поставете ја навртката со прирабница (17)
на вретеното и стегнете ја со клуч.
Внимавајте на навртката со прирабница (17)
да биде правилно поставена: Страната со
прстенот мора да се вклопи во насадниот
отвор на листот, рамната страна мора да
биде нагоре.
Ослободете го забравникот на вретеното
и со вртење проверете дали е одбравено
вретеното.
Монтирајте ја долната плоча (20) и стегнете
ги 4 завртки.
Проверете дали е безбедно
затворена горната страна од
основната плоча пред да работите
со машината.
Монтажа на вреќа за прашина
Сл. A
За одведување на прашина може да се
користи вреќа за прашина (13). Поврзете го
адаптерот за одведување на прашина (12)
со машината, а потоа поврзете ја вреќата
(13) со адаптерот.
Редовно празнете ја вреќата за да останат
непроменети перформансите за усисување.
Ако користите правосмукалка, таа може да
биде директно поврзана со адаптерот за
одведување на прашина.
5. РАКУВАЊЕ
Никогаш не го користите
забравникот за вретено додека
машината работи.
Вклучување и исклучување
Сл. A
За вклучување турнете го прекинувачот (1)
нанапред.
За исклучување, притиснете го
прекинувачот (1), кој автоматски ќе се
помести во „off" положба.
Никогаш да не го користите
забравникот за вретено за сопирање
на моторот.
Обележување на работно парче
Сл. E
Пред стартување на бисквитната глодалка
работните парчиња мора да бидат обележани
како што следува.
Поставете две површини кои мора да бидат
поврзани, со страните за поврзување една
кон друга.
Стегнете го работното парче и обележете
го центарот на жлебот, со цртање на
вертикална линија.
За поголеми парчиња потребни се по
неколку врски. Растојанието меѓу две
повлечени линии треба да биде најмалку
10 cm.
Сечење на жлебови
Сл. F
Поставете ја и проверете ја резната
длабината.
Поставете го аголот.
Поставете ја висината, внимавајте при
поставувањето на висината, жлебот
за бисквитната типла мора да биде во
средината на работното парче.
Осигурајте се дека работното парче е
стегнато.
Поставете ја машината врз работното парче,
означената централна линија (15) мора
да биде во линија со исцртаната линија на
работното парче.
Држете ја машината со две раце и вклучете
ја.
Внимателно туркајте ја основата на моторот
напред, што е можно повеќе.
Поместете ја основата на моторот назад и
исклучете ја машината.
За парчиња потенки од 16 mm не
може да се сече жлеб во средината на
парчето, без додавање на плоча за
дотерување испод работното парче
(сл. G).
129
loading