ВНИМАНИЕ
Прекршувањето на ова упатство може да предизвика повреда или
штета во домот или содржината. Бидете внимателни, секогаш.
монтажа
• Не навалувајте го производот за да ја
повлечете или турнете при транспорт.
Производот може да падне и да
предизвика повреда.
• Производот треба да го
транспортираат повеќе луѓе, при што
треба цврсто да ги држат рачките
на предниот долен дел и задниот
горен дел. Случајното испуштање
на производот може да го оштети
производот или да предизвика
телесна повреда.
10
работење
• Не допирајте ја содржината на
замрзнувачот со влажни раце. Тоа
може да предизвика замрзнатини.
• Не ставајте стаклени садови или
шишиња во замрзнувачот, на
полиците или во корпата за мраз каде
што температурата може да падне
под 0 ºC. Стаклениот сад може да се
скрши и да предизвика повреда.
• Не ставајте живо животно во
внатрешноста на производот.
Животното може да се задуши.
• Не бесете се на вратата на
производот, просторот за чување
храна или на полицата, и не качувајте
се на неа. Производот може да падне
или вратата да ви ја потфати раката
предизвикувајќи повреда. Особено
внимавајте кога со производот
ракуваат деца.
• Чувајте ја храната добро подредена
во внатрешноста на производот.
Во спротивно, може да ви
испаднат производи при отворање
или затворање на вратата и да
предизвикаат повреда.