Упатства За Работа - Bosch 3457 Traducción De Las Instrucciones Originales

mk | 141 | 3457
3 Упатства за работа
1.
Проверете дали на уредот за транспорт има
видливи оштетувања, како на пример знаци на
абење, деформација, дупки, пукнатини и
корозија пред секоја употреба. Проверете дали
има оштетувања на шрафовите. Не користете го
уредот за пренесување кога ќе се забележат
дефекти и веднаш фрлете го.
2.
Прицврстете го и обезбедете го уредот за
транспорт на менувачот како што е опишано во
работните прирачници.
3.
Зашрафувајте ги врежаните шрафови само
рачно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од паѓање или навалување на товарот!
Пресилното зашрафување може да го оштети
куќиштето на менувачот. Ова може да доведе до
сериозни повреди и критично оштетување на
материјалите.
Не користете клешти или слични помагала за
прицврстување на врежаните шрафови на
куќиштето на менувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од паѓање на товарот!
Несоодветното поставување на уредот за транспорт
може да доведе до навалување или паѓање на
товарот. Ова може да доведе до сериозни повреди и
критично оштетување на материјалите.
Прицврстете го менувачот точно како што е
опишано во работните прирачници.
4.
Поставете го уредот за транспорт на куката од
дигалката за работилница (на пр. VAS 6100)
одобрена од страна на Volkswagen групацијата.
2018-06-25
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од паѓање на товарот!
Несоодветното поставување на уредот за транспорт
може да доведе до навалување или паѓање на
товарот. Ова може да доведе до сериозни повреди и
критично оштетување на материјалите.
Прицврстете го уредот за транспорт на дигалката
за работилница точно како што е опишано во
работните прирачници.
Следете го прирачникот за работа за користените
додатоци.
Проверете дали уредот за транспорт 3457 е
безбедно сместен пред да го подигнете товарот.
5.
Зашрафете ја потпорната плоча VW309A на
уредот за транспорт со два шрафа M12 x 1,5 x 35,
10.9 со вртежна сила од 130 Nm, согласно
работните прирачници.
6.
Прицврстете го уредот за транспорт на
потпорната плоча VW309A согласно
спецификациите од работните прирачници.
Прицврстете ја рамката за моторот и
менувачот за да не се истркала.
Целосно внесете ја цевката за задржување од
потпорната плоча во потпората на рамката за
моторот и менувачот.
Внесете ги иглите за позиционирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од смачкување!
Ризик од смачкување помеѓу товарот и
VAS 6095/VAS 6095A или VW313 при движење на
товарот.
Поставете ги рацете и нозете на начин на којшто
нема да постои опасност од смачкување при
движењето на менувачот.
7.
Извршете ја останатата работа како што е
опишано во работните прирачници.
8.
Проверете дали сите делови од специјалната
алатка се отстранети по завршувањето на
поправките.
Bosch Automotive Service Solutions GmbH
Am Dörrenhof 1
85131 Pollenfeld-Preith
Германија
loading