Прицврстување На Делот Што Се Обработува (Види Слика G); Ставање Во Употреба - Bosch PCM 7 S Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para PCM 7 S:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
212 | Македонски
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 1 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 29.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 29.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 26, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Завртете го граничникот за длабочина 18 целосно
нагоре. (види „Подесување на граничникот за
длабочина", страна 213)
– За фиксирање на масата за пила 8 затегнете го копчето
за фиксирање 9.
– Притиснете на лостот 3 и истовремено навалувајте го
кракот на алатот на рачката 1 надолу додека
транспортниот осигурувач 29 не се притисне сосема
навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика G)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 15.
– Вметнете ја столарската стега 16 во отворите
предвидени за таа намена 23.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 37 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 38 .
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја
прачката со навој 38 во правец спротивен на стрелките
на часовникот.
Продолжување на масата за пилата
(види слика H)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Флексибилниот систем за прикачување на
продолжетоците на масата за пила 14 Ви овозможува
голем број на варијанти на продолжување.
– По потреба ставете го продолжетокот на масата за пила
14 во прифатите 28 на електричниот апарат или во
прифатите 32 на вториот продолжеток на масата.
1 609 92A 0VM | (23.7.14)
Подесување на закосениот агол
 Додека го подесувате аголот на закосување, не го
активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување 20. Доколку електричниот
апарат се стартува невнимателно, постои опасност од
повреда.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 9, доколку е
затегнато.
– Вртете ја масата за пила 8 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 12 не го покаже
саканиот агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 9.
За брзо и прецизно подесување на често употребувани
агли на закосување масата за пилата 8 може да ја
вклопите во следните стандардни агли:
лево
45° 30°
22,5° 15°
Подесување на вертикалниот агол на закосување
(види слика I)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Рачката на апаратот навалете ја на дршката 1 додека
показателот на агли 39 не го прикаже саканиот агол на
закосување.
– Држете ја рачката на апаратот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затезната дршка 17.
За брзо и прецизно подесување на стандарден агол 0°
и 45° на куќиштето има крајни граничници.
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Навалете го кракот на алатот на рачката 1 до крај
надесно (0°) или до крај налево (45°).
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 17.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување (види слика J)
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 20 и држете го притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 20 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
15° 22,5°
30°
Bosch Power Tools
десно
45°
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido