I.
Порт за приклучување за уред за прашина
J. Скала за длабочина
K. Адаптер за отворот за прав (oпција)
L. Стандарден диск за сечење
M. Диск за отсекување (oпција)
N. Клуч
O. Завртка за затегнување
P. Надворешна подлошка
Q. Внатрешна подлошка
ПРИБОР
ИЗВАДЕТЕ ЈА ПРИКЛУЧНИЦАТА ОД ИЗВОРОТ НА
!
СТРУЈА ПРЕД ДА МОНТИРАТЕ, ПОДЕСУВАТЕ ИЛИ
ДА МЕНУВАТЕ БИЛО КАКОВ ПРИБОР. Ваквите
превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот
од ненамерно вклучување на алатот.
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е
високо продуктивен.
Не заборавајте да ги прочитате упатствата добиени
со додатоците Dremel за дополнителни информации
за нивното користење.
Внимателно ракувајте и чувајте ги додатоците за да
избегнете поткршување и напукнување.
DSM500 - Диск за абразивно сечење од карбидни зрна,
наменет за сечење дрво и други меки материјали.
DSM510 - Армиран диск тип 1 за абразивно сечење
наменет за сечење на разновидни материјали, како на
пр. метал и пластика.
DSM520 - Армиран диск тип 1 за абразивно
сечење наменет за сечење тврди материјали во
градежништвото и камен.
DSM540 - Дијамантски абразивен диск наменет за
сечење тврди материјали, како мермер, бетон, цигли,
порцелан и плочки.
DSM600 - Поместен диск за абразивно сечење од
карбидни зрна, наменет за сечење дрво и други меки
материјали.
МЕНУВАЊЕ ДОДАТОЦИ
Со испорачаниот клуч завртете ја завртката за
затегнување во насока на стрелките на часовникот
и извадете ја заедно со надворешната подлошка.
Ако вратилото се движи додека се обидувате да ја
олабавите завртката за затегнување, притиснете го
забравувањето на вретеното.
Ставете го дискот зад штитникот за лице и монтирајте го
на внатрешната подлошка на оската на вретеното
Ставете го дискот за отсекување (опција) на
внатрешната подлошка на оската на вретеното
Ставете ја надворешната подлошка и затегнете ја
завртката за затегнување.
Притиснете го забравувањето на вретеното за да
ја забравите оската и со испорачаниот клуч цврсто
затегнете ја завртката за затегнување обратно од
насоката на стрелките на часовникот.
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ПРАВОТ
Алатот е опремен со приклучок за шмукање на
прашината.
За да ја користите оваа одлика, ставете го адаптерот
за отворот за прав (oпционален додаток) во отворот за
прав, приклучете црево за правосмукалка на адаптерот,
потоа другиот крај од цревото приклучете го на обична
правосмукалка.
7
.
8
.
9
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
ДРЖЕТЕ ГО АЛАТОТ СО ОБЕТЕ РАЦЕ ДОДЕКА ГО
!
СТАРТУВАТЕ, БИДЕЈЌИ ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ НА
МОТОРОТ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ВРТЕЊЕ НА
АЛАТОТ.
Стартувајте го алатот и оставете да постигне полна
брзина пред да дојде во контакт со работното
парче.
Кренете го алатот од работното парче пред да го
пуштите прекинувачот.
Не вклучувајте го и не исклучувајте го прекинувачот
додека алатот е под оптоварување; тоа значително
ќе го намали работниот век на прекинувачот.
ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
За отклучување на прекинувачот и вклучување на
алатот: притиснете ја рачката B1 нанапред за да го
отклучите прекинувачот со крилце B2, потоа стегнете го
прекинувачот со крилце.
За да го исклучите алатот: отпуштете го прекинувачот
со крилце.
Во прекинувачот има пружина која автоматски го враќа
во исклучена положба.
КОПЧЕ ЗА ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ВКЛУЧУВАЊЕТО
Одликата за заклучување на вклучувањето, вградена
во прекинувачот со крилце, е пригодна за подолго
работење.
За заклучување на вклучувањето: откако прекинувачот
со крилце ќе се вклучи, притиснете го до крај копчето
за заклучување на вклучувањето A во задниот дел од
алатот и пуштете го прекинувачот со крилце.
За да го исклучите алатот: стегнете го и отпуштете го
прекинувачот со крилце.
За да избегнете отскок (ситуација кога дискот сака
да отскокне од материјалот), се препорачува да
сечете во иста насока со насоката на вртење на
дискот.
НАГОДУВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНАТА
Исклучете го приклучокот од изворот за напојување.
Разлабавете ја рачката за нагодување на длабочината H.
Во стапалото има пружини кои автоматски ќе го
спуштат.
На саканата длабочина, затегнете ја рачката во насока
спротивна на стрелките на часовникот .
Проверете ја саканата длабочина.
ВОДИЛКА ЗА ЛИНИЈА
Зарезот за водење ќе ви даде приближна линија
на сечење. Направете едноставни сечења во некое
отпадно парче дрво за да ја проверите стварната
линија на сечење.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Одржувајте цврст стисок и одлучно активирајте го
прекинувачот. Никогаш не преоптоварувајте го алатот.
Користете лесен и постојан притисок.
Осигурете се материјалот што се сече да биде
прицврстен на менгеме или на маса, пред да се
обидете да сечете.
Поставете се на која било страна од дискот, но не
во линија со дискот. Важно е алатот правилно да се
потпре и да се поставите така што ќе го минимизирате
изложувањето на телото на можно зафаќање со дискот
и отскок.
Додека сечете цвресто држете го алатот и секогаш бидете
подготвени и во можност да управувате со сечењето.
139
A q
A a
A s
A q