252 | Македонски
Не користете листови за пила од високо легиран
u
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за
монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што
ќе предизвика губење на контрола.
Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од
u
друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е
соодветен на овој електричен алат, може да има
опасност за лицата.
Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
u
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
u
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
Електричниот алат се испорачува со натпис за
u
предупредување (означено на приказот на
електричниот алат на графичката страна).
Доколку текстот на налепницата за
u
предупредување не е на вашиот јазик, врз него
залепете ја налепницата на вашиот јазик пред
првата употреба.
Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
u
електричниот алат.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон
лица или животни и немојте и Вие самите
да гледате во директниот или
рефлектирачкиот ласерски зрак. Така
може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи
или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
u
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не правете промени на ласерскиот уред.
u
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Ласерски зрак
не гледајте во зракот
Класа на ласер 2
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
1 609 92A 4DT | (06.12.2018)
Ознаки и нивно значење
во контакт со сечилата за пила постои
опасност од повреда.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да влијае
на губењето на слухот.
Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
При сечење на вертикални агли на
закосување, подесливата гранична
водилка мора да се повлече нагоре.
Внимавајте на димензиите на сечилото
за пила. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното
на алатот. Доколку е неопходно
користење на редуцирни делови,
внимавајте димензиите на
редуцирниот дел да одговараат на
дебелината на листот за сечење и на
дијаметарот на отворот на сечилото за
пила, како и на дијаметарот на
вретеното на алатот. Доколку е можно,
со сечилото за пила користете ги
испорачаните редуцирни делови.
Дијаметарот на сечилото за пила мора
да одговара на податоците на ознаката.
Линијата на сечење може да се
прикаже со ласерскиот зрак,
алтернативно од левата или десната
страна на сечилото за пила.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Bosch Power Tools