Ставање Во Употреба - Bosch 0 607 153 5 Serie Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para 0 607 153 5 Serie:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
OBJ_BUCH-1540-004.book Page 242 Monday, September 19, 2016 2:47 PM
242 | Македонски
Приклучок на напојувањето со воздух
(види слика E)
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат
– Зашрафете спојница за црево 5 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 20.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 5 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 20 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Олабавете ги држачите за 11 цревото за довод на
воздух 21, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 5, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Монтирање на главата за дупчење
(види слика F)
– Цврсто држете го вретеното за дупчење 1 на
површината на клучот 6 со соодветен вилушкаст клуч и
зашрафете ја запчестата глава за дупчење 23 или
брзозатезната глава за дупчење24 на вретеното за
дупчење.
 Главата за дупчење мора да се прицврсти со затезен
вртежен момент од околу 20–25 Nm.
Замена на запчестата глава за дупчење
– Цврсто држете го вретеното за дупчење 1 на
површината на клучот со соодветен вилушкаст клуч.
1 609 92A 37G | (19.9.16)
– Ставете го клучот за главата за дупчење 25 во еден од
трите отвори на запчестата глава за дупчење 23 и
олабавете ја главата за дупчење со вртење на левата
страна.
Напомена: Силно прицврстената глава за дупчење може
да ја олабавите на тој начин што ќе држите со внатрешен
шестаголен клуч на прифатот за алат 26 на спротивната
страна.
Менување на брзозатезната глава за дупчење
– Поставете го пневматскиот алат на стабилна подлога
(на пр. на работна клупа).
– Цврсто држете го вретеното за дупчење 1 на
површината на клучот 6 со соодветен вилушкаст клуч и
со вртење на лево олабавете ја брзозатезната глава за
дупчење 24 од вратилото за дупчење.
Напомена: Силно прицврстената глава за дупчење може
да ја олабавите на тој начин што ќе држите со внатрешен
шестаголен клуч на прифатот за алат 26 на спротивната
страна.
Замена на алатот (види слика G)
Запчеста глава за дупчење
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 23
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегање на главата за дупчење 25 ставете го
во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење
23 и затегнете го алатот.
Вадење на алатот за вметнување:
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 23 со
помош на клучот за затегање на главата за дупчење во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се извади алатот за вметнување.
Брзозатезна глава за дупчење
– Држете ја цврсто задната чаура 27 на брзозатезната
глава за дупчење 24 и свртете ја предната чаура 28 во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се вметне алатот. Вметнете го алатот.
– Држете ја цврсто задната чаура 27 на брзозатезната
глава за дупчење 24 и свртете ја предната чаура 28 со
рака во правец на стрелките на часовникот, додека не
слушнете кликање. Со тоа, главата автоматски се
заклучува.
Вадење на алатот за вметнување:
– Главата повторно ќе ја отклучите, откако ќе ја свртите
преданата чаура 28 во спротивен правец за да го
извадите алатот.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 607 154 1 serie0 607 160 5 serie0 607 161 1 serie0 607 161 5 serie

Tabla de contenido