Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 4
наспроти движењето на стрелките од часовникот и
навалете ја дополнителната дршка 4 во саканата позиција.
Потоа зацврстете го долниот дел на дополнителната дршка
4 во правец на стрелките од часовникот.
Подесување на длабочина на дупчење
Со граничникот за длабочина 3 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Олабавете ја пеперутка-завртката за подесување на
граничникот за длабочина 6 и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната дршка 4.
Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да
одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот
за длабочина X.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката за
подесување на граничникот за длабочина 6.
Замена на алатот (види слика A)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 2 со вртење
во правец , додека не се стави алатот. Вметнете го
алатот.
Чаурата на брзозатезната глава за дупчење 2 свртете ја
цврсто со рака во правец . Со тоа, главата автоматски се
заклучува.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Bosch Power Tools
All manuals and user guides at all-guides.com
Прекинувачот за менување на правецот на вртење 17
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија 12 вметнете ја во
дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.
Поставете го правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 17
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 18 е притиснат ова не е
возможно.
Подесување на начинот на работа
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
18 и држете го притиснат.
LED светлото 14 свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 18 е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на местото на
зашрафување/одвртување при неповолни светлосни
услови.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 18.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 18 се постигнуваат мал број на
вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи.
Избирање на вртежниот момент (Важи за начин на
работење, навртување)
Со прстенот за подесување на вртежниот момент 7 може
да го изберете потребниот вртежен момент во 25 степени.
Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот за
вметнување запира.
Тек десно: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење 17 од двете страни се до крај во позиција
Тек лево: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење 17 од двете страни се до крај во позиција
Дупчење
Прекинувачот за избор на начинот на работа 8
поставете го на ознаката „Дупчење".
Завртување
Прекинувачот за избор на начинот на работа 8
поставете го на ознаката „Завртување".
Ударно дупчење
(GSB 14,4 VE-EC, GSB 18 VE-EC)
Прекинувачот за избор на начинот на работа 8
поставете го на ознаката „Ударно дупчење".
Македонски | 161
.
.
1 609 92A 1RB | (22.1.16)