Отстранување дефекти
4
Отстранување дефекти
4.1
Дефекти со приказ на код (Self diagnosis function)
Ако се случи некаков дефект на уредот, трепкаат LED-сијаличките
подолго време или дисплејот го покажува кодот за дефект
(пр. EH 02).
Ако некој дефект не престане и по 10 минути:
▶ Исклучете ја кратко и повторно вклучете ја внатрешната единица.
Ако дефектот продолжи:
▶ Јавете се во корисничката служба и кажете го кодот на дефект и
дајте податоци за уредот.
4.2
Дефекти без приказ на код
Ако се појават дефекти за време на работата што не може да се
отстранат:
▶ Јавете се во корисничката служба и кажете го дефектот и дајте
податоци за уредот.
Дефект
Моќноста на внатрешната единица е можеби
преслаба.
Внатрешната единица не се вклучува.
Начинот на работа се менува од ладење или
греење во режим на вентилатор.
Внатрешната единица генерира бела магла.
Внатрешната и надворешната единица
генерираат бела магла.
Внатрешната и надворешната единица
создаваат бучава.
Внатрешната или надворешната единица
испушта прав.
Лош мирис за време на работата.
Вентилаторот на надворешната единица не
работи постојано.
Работата е непостојана, непредвидлива или
внатрешната единица не реагира.
Преградата за воздухот или перката за
насочување на воздухот не се движи
правилно.
Таб. 7
118
Можна причина
Температурата е превисоко или прениско поставена.
Филтерот за воздух е извалкан и мора да се исчисти.
Неповолни влијанија од околината врз внатрешната единица, на пример, попречени отвори за
воздух на уредот, отворени врати/прозорци во просторијата или многу јаки извори на топлина
во просторијата.
Се активира тивката работа и спречува целосно искористување на капацитетот.
Внатрешната единица има механизам за заштита од преоптоварување. Може да поминат 3
минути додека да биде возможно повторно стартување на внатрешната единица.
Батериите на далечинскиот управувач се празни.
Тајмерот е вклучен.
Внатрешната единица го менува начинот на работа за да го спречи формирањето мраз.
Поставената температура е привремено достигната.
Големите температурни разлики меѓу воздухот во просторијата и климатизираниот воздух во
влажни региони може да предизвика бела магла.
Ако греењето се вклучи директно по одмрзнувањето, може да се создаде бела магла поради
зголемената влажност на воздухот.
Може да се создаде звук на шуштење во внатрешната единица ако решетката за струење на
воздухот се ресетира.
Малото шуштење поради работата е сосема нормално. Може да се создаде поради
протекување на разладното средство.
Може да се појави звук на чкрипење додека се шират или собираат металните и пластичните
делови на уредот за време греењето/ладењето.
Надворешната единица прави разни звуци за време на работата, коишто се нормални.
За време на подолги периоди на исклучен уред, може да се насобере прав во него ако не бил
покриен.
Лошиот мирис што се шири во воздухот може да навлезе во уредот и уредот да го рашири.
Филтерот за воздух има мувла и мора да се исчисти.
Вентилаторот работи различно заради оптимална работа.
Може да има пречки предизвикани од предаватели за мобилна телефонија или засилувачи на
сигнал.
▶ Исклучете ја внатрешната единица краткотрајно од струја и повторно вклучете ја.
Преградата за воздухот или перката за насочување на воздухот била приспособена рачно или
не е правилно монтирана.
▶ Исклучете ја внатрешната единица и проверете дали компонентите се правилно наместени.
▶ Вклучете ја внатрешната единица.
Climate 3000i – 6721823682 (2021/02)