3.3
Употреба на далечинскиот управувач
Опсегот на сигналот изнесува 8 m. Предметите што го попречуваат
патот на сигналот или флуоресцентните светла што можеби се
употребуваат во просторијата може да имаат влијание врз преносот
на сигналот.
▶ Насочете го далечинскиот управувач кон сензорот за сигнал на
уредот и притиснете го посакуваното копче.
Уредот ќе испушти звук кога сигналот е примен.
HAПOMEHA
Беспрекорната функција на далечинскиот управувач може трајно да
се влоши.
▶ Не поставувајте го далечинскиот управувач под директна
сончева светлина.
▶ Не оставајте го далечинскиот управувач во близина на грејно
тело.
▶ Заштитете го далечинскиот управувач од влага и удари.
3.4
Поставување на главниот режим на работа
Вклучување/исклучување на уредот
▶ Притиснете го копчето K за да го вклучите или исклучите уредот.
Уредот започнува со поставениот режим на работа.
Поставките може да се прават и додека уредот е исклучен. Уредот ги
зачувува поставките во случај кога снемува струја.
По исклучувањето, уредот останува во режим на подготвеност.
Интелигентната технологија на вклучување и исклучување
овозможува автоматски режим на заштеда на енергија во режим на
подготвеност (1 W standby).
Автоматска работа
При автоматска работа, уредот автоматски преминува од ладење
кон греење и обратно за да ја оддржи посакуваната температура.
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се
прикаже
.
▶ Поставете ја посакуваната температура со копчињата . и /.
Не можете да го поставите степенот на вентилаторот кога уредот е во
режим на автоматска работа.
Ладење
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се
прикаже
.
▶ Притискајте го копчето
брзина на дување.
▶ Поставете ја посакуваната температура со копчињата . и /.
Режим на вентилатор
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се
прикаже
.
▶ Притискајте го копчето
степен на вентилаторот. За автоматската регулација можете да
изберете AUTO.
Не можете да ја одредувате или видите температурата кога сте
поставиле режим на вентилатор.
Climate 3000i – 6721823682 (2021/02)
додека не ја достигнете посакуваната
додека не го достигнете посакуваниот
Одвлажнување
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се
прикаже
.
▶ Поставете ја посакуваната температура со копчињата . и /.
Не можете да го одредувате степенот на вентилаторот кога уредот е
во режим на одвлажнување.
Греење
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се
прикаже
.
▶ Поставете ја посакуваната температура со копчињата . и /.
▶ Притискајте го копчето
брзина на дување.
Кога надворешната температура е многу ниска, резултатите од
работата на системот за климатизација може да не бидат
задоволителни. Во такви случаи, препорачуваме да поставите
дополнително грејно тело.
3.5
Поставување тајмер
Тајмерот за вклучување и исклучување можете да го поставувате
меѓу 0 до 24 часа, при што првите 10 часа можете да ги поставувате
во периоди од по 30 минути, а повеќе од тоа во периоди од по 1 час.
Ако поставите на 0 часа, тајмерот се поништува.
Поставување на тајмер за вклучување на уредот
▶ Притискајте го копчето
▶ Притискајте на . или / додека не се постави посакуваното
време.
По кратко време, поставката се презема.
Поставување на тајмер за исклучување на уредот
▶ Притискајте го копчето
▶ Притискајте на . или / додека не се постави посакуваното
време.
По кратко време, поставката се презема.
Откажување на тајмерот
▶ Изберете го соодветниот тајмер со копчето
▶ Поставете на 0,0 часа.
По кратко време, тајмерот ќе се откаже.
Комбинирање на тајмерот
Двата тајмера може истовремено да се поставуваат. Секој тајмер
може да се испрограмира да се активира пред другиот.
▶ Поставете го тајмерот за вклучување и исклучување на уредот.
Поставките автоматски се комбинираат.
Актуелно време
Поставки за тајмерот за вклучување
Поставки за тајмерот за исклучување
Време на вклучување
Време на исклучување
Таб. 6
Пример
Не може да се испрограмира тајмерот за вклучување и исклучување
за уредот да работи со различни температури или други поставки.
Ракување
додека не ја достигнете посакуваната
додека не се прикаже симболот
додека не се прикаже симболот
.
13:00 час
4,0 часа
8,5 часа
17:00 час
21:30 час
.
.
115