РАКУВАЊЕ
Безбедност
2. Безбедност
2.1 Прописна примена
Уредот е предвиден за домашна примена. Со него не можат
безбедно да ракуваат лицата коишто не се упатени. Уредот
може да се примени и надвор од домаќинството, на пр. во
мали компании, доколку се користи на истиот начин.
Уредот под притисок служи за загревање вода за пиење или
за дополнително загревање претходно загреана вода. Уре-
дот може да снабдува едно или повеќе места за пуштање.
Поинаква примена или примена која го надминува наведе-
ното важи за непрописна. Кон соодветна употреба припаѓа
и придржувањето кон ова упатство како и упатствата за по-
ставениот прибор.
2.2 Општи безбедносни совети
ВНИМАНИЕ горење
Во текот на работата, арматурата може да се за-
грее на преку 60 °C.
При истечни температури поголеми од 43 °C по-
стои опасност од попарување.
ВНИМАНИЕ горење
При работа со претходно загреана вода, на пр.
соларен систем, температурата на топлата вода
може да се разликува од саканата температура.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ повреда
!
Децата над 8 години, како и лицата со ограниче-
ни телесни, сетилни или ментални способности
или без доволно искуство и знаење може да го
користат уредот под надзор или доколку бидат
упатени во безбедното ракување и ги разбираат
опасностите коишто произлегуваат оттаму. Де-
цата не смеат да си играат со апаратот. Децата
не смеат да го чистат или да спроведуваат кори-
сничко одржување без надзор.
Ако уредот го користат деца или лица со ограничени теле-
сни, сетилни или ментални способности, препорачуваме
постојано ограничување на температурата. Ограничување-
то може да ви го постави специјализиран техничар.
Материјална штета
!
Корисникот треба да ги заштити уредот и армату-
рата од мраз.
2.3 Ознака за испитување
Види плочка со ознаки на уредот.
3. Опис на уредот
Електронски регулираниот проточен бојлер со автоматско
регулирање на капацитетот ја држи истечната температура
константна до граничната моќност. Потоа, температурата се
бира преку арматурата за пуштање.
92
| PEY 18/21/24
Греен систем
Системот за греење со гола жица има пластична обвивка,
отпорна на притисок. Системот за греење е наменет за мека
и тврда вода и во голема мера е нечувствителен на калци-
фикација. Системот за греење се грижи за брзо и ефикасно
снабдување со топла вода.
Совет
Овој уред е опремен со препознавање на воздухот,
кое во голема мерка го спречува оштетувањето на
грејниот систем. Доколку во текот на работата во
уредот навлезе воздух, тој го исклучува греењето
на една минута и на тој начин го штити грејниот
систем.
www.stiebel-eltron.com