Електрична безбедност
Кога користите електрични машини секогаш
внимавајте на безбедносните прописи кои
се применуваат во Вашата земја со цел да
го намалите ризикот од пожар, струен удар
и лична повреда. Прочитајте ги следните
безбедносни упатства, како и приложените
безбедносни упатства.
Секогаш проверувајте дали
напојувањето со електричната
енергија е соодветно со напонот на
плочата со номинални вредности.
Заменување на кабли или приклучоци
Веднаш фрлете ги старите кабли и приклучоци
кога истите ќе бидат заменети со нови. Опасно
е да се вметнува приклучок од разлабавен
кабел во ѕидната приклучница.
Користење на продолжни кабли
•
За обезбедување напојување со електрична
енергија за оваа машина секогаш користете
неоптоварен кабел и/или продолжен кабел
со проводници од најмалку 1,5 mm2 и
заштита со осигурувач од 16 A. Осигурете
дека овој продолжен кабел не е подолг од 20
метри.
•
Оваа машина може да биде вклучена
кон еднофазна мрежа (230-240 V/50 Hz).
Доколку не сте сигурни во заземјувањето
на електричната инсталација, најпрво
консултирајте се со електричар.
Напојување со електрична енергија
• Моторот е опремен со прекинувач за
оптоварување. Доколку столната кружна
пила се преоптовари, прекинувачот за
преоптоварување автоматски ја исклучува
опремата за да ја заштити столната
кружна пила од оптоварување. Доколку се
активира прекинувачот за преоптоварување,
исклучете ја столната кружна пила со
користење на прекинувачот ON/OFF
(ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ) (8) и почекајте додека
се излади столната кружна пила. Потоа,
притиснете на прекинувачот ON/OFF
(ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ) (8) и престартувајте ја
столната кружна пила.
3. УПАТСТВА ЗА СКЛОПУВАЊЕ
Состав на подвозјето
Слика A4
Прво составете ги сите делови пред
цврсто да ги затегнете сите
завртки.
•
Свртете ја машината наопаку, поставете
парче картон одоздола за да не ја оштетите
површината.
•
Монтирајте ги нозете (15) (4 парчиња)
со по една потпора за продолжувач (13) (4
парчиња) на една нога на четирите ќошиња
од телото и користете ги долгите завртки
(16) со навртки (2 парчиња на една нога)
(Слика B1)
•
Осигурете дека потпорите за
продолжувачите (13) се монтирани како што
е покажано на Слика B1
•
Монтирајте го напречниот долг амортизер
(22A) (2 парчиња) помеѓу нозете на
предната и задната страна на машината.
Користете мали завртки (25) со навртки
(8 парчиња).
•
Монтирајте го напречниот краток амортизер
(22B) (2 парчиња) помеѓу нозете на двете
страни на машината. Користете мали
завртки (25) со навртки (8 парчиња).
•
Поставете ги гумените подлошки за нозе
(23) (4 парчиња)
•
Монтирајте ги дополнителните нозе (24)
(2 парчиња) на задната страна од машината
и користете ги кратките завртки (26) со
навртки (4 парчиња)
Состав на екстензиите
Слика B1, машината уште е свртена
наопаку
•
Монтирајте ги продолжувачите (3)
(2 парчиња) на масата и користете ги
кратките завртки (17) со навртки (4 парчиња).
•
Монтирајте ги потпорите за продолжувачите
(13) на продолжувачите (3) и користете ги
кратките завртки (17) со навртки (4 парчиња)
•
Свртете ја машината назад на нејзините
нозе. Со користење на отворите во
потпорите за продолжувачите, осигурете
дека продолжувачите се порамнети со масата.
151