72. Користете го само во сува средина
73. Прочитајте го упатството за употреба пред
користење
74. Не изложувајте го акумулаторот на сонце кога тем-
пературата е повисока од 45 °C.
75. Не потопувајте го акумулаторот во вода и не
изложувајте го на влага
76. Не фрлајте ги батериите во оган. ОПАСНОСТ ОД
ЕКСПЛОЗИЈА!
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА - соодветноста меѓу насоките даде-
ни во ова упатство и соодветните слики (дадени
на страниците ix и понатаму) е претставена преку
бројот кој му претходи на дадениот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА
Машината може да се доставува со не-
кои веќе монтирани делови.
ВНИМАНИЕ!
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и рамна површина со
доволно простор за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во
согласност со важечките локални закони.
1.1a Монтирање на рачката (Тип „I" - Модел 340)
Вметнете ги долниот десен (11) и лев (12) дел на рако-
фатот во соодветните отвори и фиксирајте со дадени-
те навртки (13) и мутери (13а).
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и
блокирајте го за двата задни дела (11) и (12) меѓу гор-
ните дршки (15) (претходно извадени од нивните ле-
жишта), вметнати во еден од двата отвора (3) или (4) со
цел да се постигне крајната сакана висина.
За да се регулира силата на отпорот, треба да се де-
блокира секоја од дршките (15) и да се зашрафи или
отшрафи на вратилото до каде што е потребно за да се
обезбеди стабилно фиксирање на горниот дел (14) врз
двата задни дела на ракофатите (11) и (12) без примена
на прекумерна сила за блокирање или деблокирање.
Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) ка-
ко што е посочено.
1.1b Монтирање на рачката
(Тип „II" - Модел 340)
Вметнете ги долниот десен (11) и лев (12) дел на рако-
фатот во соодветните отвори и фиксирајте со дадени-
те навртки (13) и мутери (13а).
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и
блокирајте го за двата задни дела (11) и (12) меѓу гор-
ните регулатори (15) (претходно извадени од нивните
лежишта), вметнати во еден од двата отвора (3) или (4)
со цел да се постигне крајната сакана висина.
Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) ка-
ко што е посочено.
1.1c Монтирање на рачката
(Тип „III" - Модел 380)
Поставете ги во позиција за работа двата задни де-
ла на ракофатот (11) и (12) коишто се веќе поставени
внимавајќи да се совпадне клинот обележен со «>»
ИСКЛУЧИВО со еден од двата жлеба обележени со
«1» или «2» на забалото за да се постигне саканата
висина, а потоа блокирајте ги двете задни дршки (13).
Позицијата треба да биде иста за двете страни.
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и
блокирајте го за двата задни дела (11) и (12) меѓу гор-
ните дршки (15) (претходно извадени од нивните ле-
жишта), вметнати во еден од двата отвора (3) или (4) со
цел да се постигне крајната сакана висина.
За да се регулира силата на отпорот, треба да се де-
блокира секоја од дршките (15) и да се зашрафи или
отшрафи на вратилото до каде што е потребно за да се
обезбеди стабилно фиксирање на горниот дел (14) врз
двата задни дела на ракофатите (11) и (12) без примена
на прекумерна сила за блокирање или деблокирање.
Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) ка-
ко што е посочено.
1.1d Монтирање на рачката
(Тип „IV" - Модел 380)
Поставете ги во позиција за работа двата задни де-
ла на ракофатот (11) и (12) коишто се веќе поставе-
ни внимавајќи да се совпадне клинот обележен со
«>»ИСКЛУЧИВО со еден од двата жлеба обележени
со «1» или «2» на забалото за да се постигне сакана-
та висина, а потоа блокирајте ги двата задни регула-
тори (13).
Позицијата треба да биде иста за двете страни.
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и
блокирајте го за двата задни дела (11) и (12) меѓу гор-
ните регулатори (15) (претходно извадени од нивните
лежишта), вметнати во еден од двата отвора (3) или (4)
со цел да се постигне крајната сакана висина.
Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) ка-
ко што е посочено.
1.2 Монтирање на вреќата за собирање
Спојте ги меѓу себе двете странични компоненти (1) и
(2) на вреќата за собирање и потоа поставете го гор-
ниот дел (3) закачувајќи ги правилно сите периметрал-
ни спојници.
Монтирајте ја дршката (4) на горниот дел од вреќата
за собирање и вметнете ја на соодветните места со
кликнување.
1.3 Исклучување и полнење на батеријата
Машината се доставува со делумно наполнета
батерија којашто е вметната во своето лежиште.
Пред употреба на машината, извадете ја батеријата и
наполнете ја докрај како што е посочено во точка 4.4.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА значењето на дадените симболи за ко-
мандите е објаснето на претходните страници.
2.1 Безбедносен клуч (уред за дезактивирање)
Активирањето и гаснењето на електричното коло на
машината се одвиваат со помош на безбедносниот
клуч (уред за дезактивирање) поставен во внатрешно-
ста на одделот за батеријата.
Отворете ја вратичката (1) и вметнете го клучот (2) за
да овозможите палење на моторот.
Треба да притиснете на крилцето за исклучување за
да го извадите клучот.
Со вадење на клучот, комплетно се дезактивира елек-
тричното коло за да се спречи неконтролирана употре-
ба на машината.
5