Запознајте Ја Машината - GGP ITALY EL 340 Li 48 Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para EL 340 Li 48:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 85
2) Никогаш не прегревајте ја машината. Користете ја
машината за наменетата работа. Правилно користење
на машината обезбедува најдобра и најсигурна рабо-
та, според моќноста за која е создадена.
3) Користете само полначи за полнење на батерии-
те што ги препорачува производителот. Несоодветен
полнач за батеријата може да предизвика електричен
удар, прегревање или протекување на корозивната
течност од батеријата.
4) Користете само батерии со спецификации што се
предвидени за вашиот апарат. Употреба на други ба-
терии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
5) Батерија во неисправна состојба може да преди-
звика протекување на течноста. Избегнувајте контакт
со течноста. Во случај на случаен контакт, исплакне-
те со вода. Во случај на контакт на течноста со очи-
те, консултирајте се со доктор. Истечената течност од
батеријата може да предизвика иритација на кожата
и изгореници.
6) Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја ста-
вите батеријата. Ставање батерија во вклучен елек-
тричен апарат може да предизвика пожар.
7) Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку
од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки
и други мали метални предмети што може да преди-
звикаат краток спој на контактите. Краток спој на кон-
тактите на батеријата може да доведе до експлозија
и пламен.
8) Акумулаторот не смее никогаш да се отвора.
9) Никогаш не фрлајте ги искористените батерии во
оган – ОПАСНОСТ ОД ЕКСПЛОЗИЈА!
10) Поврзувајте го полначот за батерии само за при-
клучок со напон на струјата како што е посочено на
етикетата за идентификација.
11) Користете само оригинален акумулатор.
12) За време на продолжена употреба, акумулаторот
може да се прегрее. Оставете го да се излади пред да
го полните.
13) Не чувајте ги акумулаторот и полначот за батерии
на дофат на деца.
14) Не користете го полначот за батерии на места каде
има запаливи испарувања или супстанци.
15) Полнете ги акумулаторите само со температура
меѓу 10°C и 40°C.
16) Никогаш не чувајте ги акумулаторите во средина
со температури повисоки од 40°C.
17) Никогаш не предизвикувајте краток спој меѓу кон-
тактите на акумулаторите и не поврзувајте ги со ме-
тални предмети.
18) За време на транспорт на акумулаторите, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и
не користете метални кутии за транспорт.
19) Краток спој на акумулаторот може да предизвика
експлозија. Во секој случај, краткиот спој го оштетува
акумулаторот.
20) Редовно контролирајте дали е оштетен кабелот на
полначот на батерии. Ако е кабелот оштетен, мора да
се смени целиот полнач на батерии.
21) Полнете ги акумулаторите докрај пред да ги одло-
жите за зимскиот период.
22) Заштитете го полначот за батеријата од влијанија
на дожд или влага. Со навлегување на водата во пол-
начот за батерија се зголемува ризикот за краток спој.
23) Одржувајте го полначот за батеријата чист.
Акумулација на нечистотија може да предизвика кра-
ток спој.
24) Не користете го полначот за батеријата во среди-
на каде има запаливи супстанци или лесно запаливи
површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За
време на полнењето, батеријата се загрева и може да
предизвика оган.
25) Дефектен полнач за батерија или неправилна упо-
треба на полначот може да предизвика емисија на га-
сови што може да ги иритираат респираторните па-
тишта. Вентилирајте ја просторијата со свеж воздух и
посетете доктор во случај на двоумење.
26) Чистете ги периодично отворите за вентилација на
батеријата со помош на мека, сува и чиста четкичка.
F) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината, треба:
– да носите заштитни ракавици,
– да ја зафатите машината на места кои нудат сигурен
зафат, имајќи ја предвид нејзината тежина и распре-
делба на истата;
– да ангажирате соодветен број луѓе во согласност со
тежината на машината и карактеристиките на сред-
ството за транспорт или за местото на кое треба да
се донесе или земе истата.
– проверете дали кога работи машината, нема знаци
на оштетувања или дефекти.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно ма-
шината со помош на јажиња или синџири.
G) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
1) Заштитата на животната средина треба да се из-
вршува релевантно и приоритетно при употреба на
машината во корист на граѓанските погодности и на
просторот во кој живееме. Избегнувајте појава на еле-
менти што го нарушуваат непосредното опкружување.
2) Доследно следете ги локалните закони за фрлање
на амбалажата, делови во распаѓање или какви било
елементи со штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ѓубре, туку
треба да се селектираат и да се однесат во соодветни
собирни центри за рециклирање материјали.
3) Следете ги точно локалните закони за фрлање на
материјалите кои ќе се резултат на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте ја машина-
та каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и кон-
кретно тревокосачка со оператор на нозе.
Машината во основа се состои од мотор којшто при-
движува уредот со сечивото со запци сместени во кар-
тер и има тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со машината и
да ги вклучува главните команди држејќи се секогаш
зад рачката и на безбедно растојание од ротирачкиот
уред со сечивото. Оддалечувањето на операторот од
машината предизвикува запирање на и на ротирачки-
от уред по неколку секунди.
Предвидена употреба
3
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

El 380 li 48

Tabla de contenido