треба секогаш да се одржуваат чисти и ослободе-
ни од остатоци при пилење и друго.
Ако наидете на знаци на изабеност на јажето за
палење, контактирајте со застапникот да го за-
мени.
5.4 ФИКСИРАЊА
Периодично контролирајте ја прицврстеноста на
сите навртки и завртки, како и дали рачките се
цврсто фиксирани.
5.5 ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
(сл. 19)
ВАЖНО Чистењето на филтерот за воздух е бит-
но за добра работа и век на самата машина. Не ра-
ботете без филтер или со оштетен филтер за да не
предизвикате непоправливи оштетувања на мо-
торот.
Чистењето треба да се спроведува секои 15 ча-
сови работа.
За чистење на филтерот:
– Отшрафете го копчето (3), извадете го капакот
(1) и тргнете го елементот со филтерот (2).
– Исперете го елементот со филтерот (2) со во-
да и сапун. Не користете бензин и други рас-
творувачи.
– Оставете филтерот да се исуши на воздух.
– Поставете ги повторно елементот со филтерот
(2) и капакот (1) навртувајќи го копчето (3).
5.6 КОНТРОЛА НА СВЕЌИЧКАТА (сл. 20)
Повремено, откачете ја и исчистете ја свеќичката
за да ги отстраните евентуалните талози со ме-
тална шпатула.
Проверете ја и обновете ја точната оддалеченост
меѓу електродите.
Поставете ја свеќичката наместо прицврстувајќи
ја со приложените клучеви.
Свеќичката треба да се замени со друга со ана-
логни карактеристики во случај кога електродите
се прегорени или неправилно изолирани, или на
секои 100 часа функционирање.
5.7 ПОДМАЧКУВАЊЕ
ВАЖНО За да ги зачувате деловите од преносот,
треба да ја подмачкувате на секои 15 часа работа
спојката на аголот на флексибилната оска.
АГОЛЕН ПРОДОЛЖУВАЧ (сл. 21a)
Обилно подмачкајте со маст од обичен литиум.
Извадете ги шрафовите (1) и вметнете маст рачно
вртејќи ја осовината сè додека маста не се дис-
трибуира, а потоа вратете ги шрафовите (1).
ФЛЕКСИБИЛНА ОСКА (сл. 21b)
Модели SBC 645 KF – 653 KF:
Обилно подмачкајте со маст од обичен литиум.
Извадете ја цевката (12) од страната на моторот,
извадете ја флексибилната оска (12 с) и ставете
маст вртејќи ја оската рачно сè додека маста не
се распореди на целата површина и потоа поста-
вете сè на свое место.
5.8 ОДРЖУВАЊЕ НА СЕЧИВАТА
5.8.1 Острење на сечивото со 3 или 4 запци
(сл. 22)
ВНИМАНИЕ!
Користете заштитни ракави-
ци. Ако острењето се изведува без вадење на
ножот, откачете го капачето на свеќичката.
Острењето треба да се изведе водејќи сметка за
типот на ножот и за видот острење со помош на
рамна турпија и во еднаков режим за сите точки.
Референците за правилно острење се посоче-
ни на сл. 22:
A = Погрешно острење
Б = Ограничување на острењето
В = Погрешни и неедвакви закосувања
ВАЖНО Многу е важно по острењето да се зад-
ржи правилна рамнотежа. Од безбедносни при-
чини, острењето и балансирањето мора да се из-
ведат во специјализиран центар кој располага со
стручност и соодветни алатки за извршување на
оваа работа без да се ризикува оштетување на се-
чивото и да се предизвика небезбедна состојба во
текот на работата.
Ножевите со 3 или 4 запци се користат од обете
страни. Кога едната страна на запците ќе се зата-
пи, ножот може да се сврти и да се користи друга-
та страна на запците.
ВНИМАНИЕ!
Ножот никогаш не смее да се
поправа туку мора да се замени штом ќе се за-
бележат зачетоци на оштетување или кога ќе
се достигне дозволениот лимит за острење.
5.8.2 Замена на сечивото со 3 или 4 запци
Со оваа машина предвидено е да се користи се-
чивото коешто го носи кодот посочен во табела-
та на страница 3.
12