Заради развојот на производот, горенаведените
сечива треба со време да се заменат со други со
соодветни карактеристики за замена и функцио-
нална безбедност.
5.9 ЗАМЕНА НА КОНЕЦОТ НА МАКАРАТА
5.9.1 Камара со конец од типот "I" (сл. 23)
1. Извадете го преостанатиот конец одвртувјќи
од центарот на копчето за завиткување. Ако се
скине внатре, треба да го притиснете местото
посочено како „PUSH", да го свртите капакот
на макарата (2) обратно од стрелките на часов-
никот за да ја отворите и да го извадите коне-
цот што преостанал внатре. Затворете ја мака-
рата со порамнување на белегот за појдовната
точка (3) и свртете го капакот (2) во правецот
на стрелките.
ВНИМАНИЕ!
Капакот на макарата мора да
биде правилно затворен по целиот периметар
за да се избегне негово отворање за време на
работата при што има ризик од повреди или
оштетување.
2. Извлечете го конецот по целата посочена дол-
жина.
3. Свртете го копчето за завиткување (1) во пра-
вецот на стрелките за да се порамни една од
стрелките со еден од отворите (4) на излезот
за конецот.
4. Вметнете ги двата краја на конецот од цента-
рот на копчето за завиткување (1), помогајќи го
на тој начин целосното излегување на конецот
во еднакви делови од двата отвора (4).
5. Свртете го копчето (1) во правецот на стрелки-
те за да го затегнете конецот внимавајќи при
тоа да ослободите излез на конецот за околу
120 мм од двата отвори.
5.9.2 Камара со конец од типот "II" - "III" (сл.
24)
– Следете го редоследотшто е посочен на сли-
ката.
5.10 ОСТРЕЊЕ НА МАКАЗИТЕ ЗА СЕЧЕЊЕ
НА КОНЕЦОТ (сл. 25)
– Извадете ги маказите за сечење на конецот (1)
од заштитата (2) одвртувајќи ги ШРАФОВИТЕ
(3).
– Фиксирајте ги маказите за сечење на конецот
на менгеме и почнете да острите со помош на
рамна турпија обрнувајќи внимание да се од-
ржува аголот на првичната закосеност.
– Поставете ги маказите врз заштитата.
5.11 ПРОДОЛЖЕНА НЕУПОТРЕБА
ВАЖНО Ако се предвидува некористење на ма-
шината повеќе од 2-3 месеци, треба да се приме-
нат неколку решенија за да се избегнат потеш-
котии при обновување на работата или трајни
оштетувања на моторот.
Пред одлагање на машината:
– Испразнете го резервоарот за гориво.
– Вклучете го моторот и одржувајте го во мини-
мален режим на работа сè додека не се изгас-
не за да го потроши целото гориво што остана-
ло во карбураторот.
– Оставете го моторот да се излади пред да ја од-
ложите машината.
Во моментот кога машината треба да се стави во
функција, поставете ја машината како што е посо-
чено во поглавјето „2. Подготовка за работа".
6. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Овие интервенции треба да се изведат само кај
застапникот.
Сите операции што се изведени на несоодветен
начин и од неквалификувани лица придонесуваат
да се изгуби секоја форма на гаранција.
6.1 Минимална регулација
ВНИМАНИЕ!
Ако уредот за сечење се дви-
жи кога моторот е на минимум, треба да кон-
тактирате со застапникот за правилна работа
на моторот.
6.2 РЕГУЛАЦИЈА НА КАРБУРАТОРОТ
Карбураторот се регулира во фабрика во режим
да дава максимални резултати во секоја ситуација
на користење, со минимално емитирање на штет-
ни гасови и во согласност со важечките закони.
Во случај на лоша изведба, обратете се кај за-
стапникот да ги провери карбураторот и моторот.
6.3 ОСТРЕЊЕ НА СЕЧИВОТО ЗА ПИЛАТА
ВНИМАНИЕ!
НЕОПХОДНО Е острењето и балансирањето да
се изведат во специјализиран центар кој рас-
13
Од безбедносни причини,