состојба; во спротивно, поправете
го или заменете го (став 6.5).
4. Затворете го капакот со вртење
на јазичето (сл. 3.A).
5.1.3 Дополнување гориво
Операцијата на полнење гориво е
објаснета во прирачникот на машината,
овде само ќе се повикаме на истата.
За да наполните гориво:
1. Одвртете го капакот на
резервоарот и извадете го.
2. Ставете инка.
3. Дополнете и потоа извадете ја инката.
4. По полнењето, зашрафете го
докрај капачето за горивото и
исчистете ако има остатоци.
ВАЖНО Избегнувајте да истурате
гориво врз пластичните делови на
моторот за да не се оштетат, и веднаш
исчистете го секој траг на гориво од нив.
Гаранцијата не ги покрива штетите на
пластиката предизвикани од гориво.
5.1.4 Капаче на свеќици
Поврзете го цврсто капачето (сл. 4.A) на
кабелот на свеќиците (сл. 4.B), внимавајте да
нема траги од нечистотија во внатрешноста
на капачето или на клемите на свеќиците.
5.2 СТАРТУВАЊЕ НА МОТОРОТ
(ПАЛЕЊЕ НА ЛАДНО)
Палењето на моторот треба да биде според
инструкциите во упатството за употреба,
имајќи го предвид секогаш предупредувањето
да се исклучат сите уреди (доколку е
предвидено) во состојба да ја придвижат
машината или да го исклучат моторот.
1. Отворете го вентилот за
гориво на машината;
2. Активирајте ја командата на задушувачот;
3. Ставете ја рачката за гас
во позиција „FAST";
4. Активирајте го клучот за палење како
што е наведено во упатството.
По неколку секунди, деактивирајте
ја командата на задушувачот.
5.3 СТАРТУВАЊЕ НА МОТОРОТ
(ПАЛЕЊЕ НА ТОПЛО)
1. Ставете ја рачката за гас
во позиција „FAST";
2. Активирајте го клучот за палење како
што е наведено во упатството.
5.4 КОРИСТЕЊЕ НА МОТОРОТ ВО
ТЕКОТ НА РАБОТНИТЕ ФАЗИ
За оптимална ефикасност и работа
на моторот, мора да се користи на
максимални вртежи со подесување на
рачката за гас во позиција „FAST".
ВАЖНО Не работете на наклон поголем
од 20° за да не го доведете во прашање
правилното работење на моторот
5.5 ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ ВО
ТЕКОТ НА РАБОТНИТЕ ФАЗИ
1. Ставете ја рачката за гас
во позиција „SLOW".
2. Ставете го моторот во лер
најмалку 15-20 секунди.
3. Исклучете го моторот според
инструкциите од прирачникот.
5.6 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА
МОТОРОТ НА КРАЈОТ
1. Ставете ја рачката за гас
во позиција „SLOW".
2. Ставете го моторот во лер
најмалку 15-20 секунди.
3. Исклучете го моторот според
инструкциите од прирачникот.
4. Кога ќе се олади моторот,
извадете го капачето од свеќиците
(сл. 4.A) и извадете го клучот за
палење (доколку е предвидено).
5. Отстранете ги сите наталожени
честички од моторот посебно од
зоната на придушувачот на ауспухот,
за да се намали ризикот од пожар.
5.7 ЧИСТЕЊЕ И ГАРАЖИРАЊЕ
• Не користете млаз вода ниту средства за
чистење на пареа за чистење на моторот.
• Се преферира чистење со млаз на
воздух под притисок (максимум 6 bar)
внимавајќи да не влезат во внатрешниот
дел на моторот честички и прашина.
• Оставете ја машината (и моторот)
на суво, заштитено од невреме и
соодветно проветрено место.
5.8 ПРОДОЛЖЕНО НЕКОРИСТЕЊЕ
Во случај на предвидено некористење на
моторот повеќе од 30 дена (пр. на крајот од
6