Познавање На Машината; Опис И Употреба На Машината - Stiga TRE586VA Manual De Instrucciones

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 86
моторот работи со претеран број на
вртења ризикот од повреди се зголемува.
• Не користете течности за
стартување ниту нешто слично.
• Да не се навалува настрана до
точка која може да предизвика
излегување на горивото од капачето
на резервоарот на моторот.
• Моторот не смее да работи без свеќици.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ГАРАЖИРАЊЕ
И ТРАНСПОРТ
Регуларно изведено одржување и соодветно
гаражирање се мерки за безбедност
за машината.
Расипаните делови треба да се
менуваат а никако да не се поправаат.
Користете само оригинални делови:
користењето на неоригинални
делови или неточно монтирање
на истите доведува до зголемени
повреди и несреќи и го ослободува
производителот од било каква обврска.
Одржување
• Во случај да треба да се испразни
резервоарот, извршете го празнењето
на отворено и при студен мотор.
• Контролирајте редовно да не има
губење на масло и/или гориво за да
се намали ризикот од пожари.
Складирање
• Не оставајте гориво во резервоарот
доколку машината е гаражирана во
зграда каде испарувањата од горивото
може да допрат во контакт со оган,
искри или извори на топлина.
• Машината да се излади на
отворено пред гаражирањето.
Транспорт
• Транспортирањето треба да се
врши со празен резервоар.
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да е приоритет при користење
на косилката, и да биде од корист за
граѓаните и за животната средина.
• Избегнувајте да го вознемирувате
соседството.
• Придржувајте се до локалните закони
за отстранување на пакувањето,
маслата, горивото, филтрите, оштетените
делови, или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина
овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре,
туку треба да бидат разделени и да
се достават до соодветни центри за
собирање на истите, кои ќе се погрижат
за рециклирање на материјалите.
• Кога косилката ќе се расипе, не ја
исфрлајте надвор, туку однесете ја
во депонијата за отпадни материјали,
согласно позитивните локални одредби.
2.6 ЕМИСИИ
Процесот на согорување генерира
токсични супстанци, како на пр. јаглерод
моноксид, азотни оксиди и јаглеводород.
Важно е да се контролираат овие
супстанци затоа што може да реагираат
со фотохемиски смог, како и со директна
изложеност на сончева светлина.
Јаглерод моноксид не реагира на ист начин
на изложеност на сончева светлина, но
сепак може да се смета како токсичен.
Нашите машини се опремени со
системи за намалување на емисијата
за супстанците наведени погоре.
3. ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА
3.1 ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Оваа косилка користи мотор
со внатрешно согорување.
Моторот е инструмент чија изведба,
регуларното функционирање и траење
зависат од многу фактори надворешни и
други, поврзани за квалитетот на користените
производи и регуларноста на одржувањето.
Во продолжетокот се изложени информации
за поголема долготрајност на машината.
Секоја различна употреба од горенаведената
може да биде опасна и/или да предизвика
штети на лица или предмети.
ВАЖНО Неправилното користење на
машината ја поништува гаранцијата и го
ослободува Производителот од секаква
одговорност, и целата одговорност за
штета или повреда на корисникот или
трети лица, паѓа на корисникот.
3.1.1 Тип на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто
3
loading

Este manual también es adecuado para:

Tre586vTre635v