Масло; Воздушен Филтер; Свеќици; Команди - Stiga TRE586VA Manual De Instrucciones

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 86
3.8 ВОЗДУШЕН ФИЛТЕР
Ефикасноста на воздушниот филтер е
потребна за да се избегне влегувањето
на честички или прашини во моторот
со што се намалува траењето и
функционалноста на машината.
• Одржување на филтрирачкиот елемент
без честички и ефикасен (пас. 6.5).
• Доколку е потребно, заменете го филтерот
со оригинален, бидејќи несоодветниот
филтер може да ја намали ефикасноста
и животниот век на моторот.
• Не го пуштајте моторот без
коректно монтиран филтер.
3.9 СВЕЌИЦИ
Постојат многу видови свеќици
за ендотермички мотори.
• Користете свеќици од назначениот
тип со точен термички степен.
• Внимание на должината на конецот;
подолг конец може неповратно
да го оштети моторот.
• Да се контролира чистотата на
електродите и соодветноста
на воздухот (став 6.6).
4. КОМАНДИ
4.1 КОМАНДА ЗА ГАС
Го регулира бројот на вртежи на моторот.
Командата за гас (вообичаено
рачка) монтирана на машината е
поврзана со кабел со моторот.
Погледнете во прирачникот за
да ја идентификувате рачката за
забрзување и нејзините односни
позиции, кое се вообичаено означени
со симболи кои одговараат на:
• FAST= голема брзина; да се користи
во текот на работењето.
• SLOW = мала брзина.
4.2 КОМАНДА НА ЗАДУШУВАЧОТ
Погледнете во прирачникот за да ја
идентификувате Командата на задушувачот.
Го подобрува соодносот на гориво/
воздух и треба веднаш да се искористи за
стартување на моторот кога е студено.
5. ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
5.1 ПРЕД СЕКОЈА УПОТРЕБА
Пред секоја употреба на моторот добро
е да направите контрола за да се
осигурате за правилноста на работата.
5.1.1 Контрола на нивото на масло
1. Поставете ја машината на рамно.
2. Исчистете околу капачето.
3. Одвртете го капакот (сл. 2.A), исчистете
го крајниот дел на мерачот на ниво
(сл. 2.B) и повторно ставете го внатре
додека капачето не допре до отворот,
како што е прикажано без затегнување:
4. Извадете го капакот со стапчето и
контролирајте го нивото на масло
кое треба да се наоѓа помеѓу
двете цртички «MIN» и «MAX».
5. Доколку е потребно, додадете
од истото масло до ниво «MAX»,
и внимавајте да не истече масло
надвор од отворот за полнење
6. Целосно затегнете го капачето
за полнење (сл. 2.А) и исчистете
ги остатоците од масло.
ЗАБЕЛЕШКА Полнете постепено додавајќи
мали количини масло, контролирајќи го
нивото на маслото на секое дополнување.
Не смее да се полни над нивото «MAX»;
преполнување со масло може да предизвика:
• испуштање на издувните гасови;
• контаминација на свеќичката или
филтерот за воздух со последователни
потешкотии во стартувањето.
ЗАБЕЛЕШКА Во врска со видот
на масло за користење придржувајте
се до техничката табела.
5.1.2 Проверка на воздушниот филтер
Ефикасноста на воздушниот филтер е услов
за коректно функционирање на моторот; не
вклучувајте го моторот доколку недостасува
филтер за воздух, или ако е скршен.
1. Исчистете околу капакот
на филтерот (сл. 3.A).
2. Отворете го капакот (сл. 3.A) со
вртење на јазичето (сл. 3.B).
3. Проверете ја состојбата на
филтерот (сл. 3.C), кој мора да биде
неоштетен, чист и во добра работна
5
loading

Este manual también es adecuado para:

Tre586vTre635v