Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (19) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
(19) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со мерна плоча (опрема) (види слики G–H)
Со помош на мерната плоча (21) ознаката од ласерот
може да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот
да ја пренесете на ѕид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите
отстапувањето кон саканата висина и повторно да го
пренесете на друго место. На тој начин отпаѓа точното
подесување на мерниот уред на висината на која треба да
се пренесе.
Мерната плоча (21) има рефлектирачки слој, кој ја
подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи
растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето
на осветлувањето може да се препознае само кога
гледате паралелно кон ласерскиот зрак на мерната
плоча.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот (6) на навојот на стативот (22)
или обичен фото статив. За прицврстување на обичен
градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (9).
Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на
стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Работење со ласерски приемник (опрема)
(види слика E)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерските линии користете го
ласерскиот приемник (24). При работење со ласерски
приемник вклучете го режимот на приемник (види
„Режим на приемник", Страница 159).
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила како
u
заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат
за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак,
тие не штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила како
u
очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските
заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
Bosch Power Tools
Примери за работа (види слики A–F)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината
или работ, коишто треба да се проверат, и оставете го да
се изнивелира пред почетокот на секое мерење.
Секогаш мерете ги растојанијата меѓу ласерскиот зрак и
површината или работ на две што е можно пооддалечени
точки.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор
на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само
во куфер (27).
Во случај ако треба да се поправи, пратете го мерниот
уред во куфер (27).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Македонски | 163
1 609 92A 4HM | (19.11.2018)