OBJ_BUCH-3072-001.book Page 111 Wednesday, December 21, 2016 2:15 PM
Вклучување/исклучување на одвртувачот
Внимавајте на упатството за користење на приклучениот
индустриски батериски одвртувач.
Совети при работењето
При работење внимавајте регулаторот на напон да не биде
ненамерно повлечен од работната површина. Или
прицврстете го регулаторот на напон безбедно на ѕидот
или поставете го приклучниот кабел така што нема да се
сопнете на него.
Заштита од преоптоварување (види слика E)
При преоптоварување на регулаторот на напон приказот
14 светнува. Приказот што свети 14 сигнализира дефект.
Подесете ја работата. Исклучете ги одвртувачот и
регулаторот на напон. Оставете го регулаторот на напон да
се излади околу 20 min.
Потоа одново стартувајте го.
Ако приказот 14 сè уште свети, регулаторот на напон е
дефектен. Оставете да го поправат овластени сервисни
центри за електрични алати на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред чистење, извадете го регулаторот на напон од
струја. Така ќе избегнете опасност од струен удар.
Само исклучувањето на регулаторот на напон не е
доволно.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
За регулаторот на напон нема потреба од одржување.
Постојано одржувајте ги чисти регулаторот на напон и
процепите за вентилација.
Исчистете ги со сува крпа без влакненца и отстранете ги
честичките од прашина и нечистотии од приклучните
конектори, спојките и приклучоците на регулаторот на
напон, кој не е приклучен на струјна мрежа.
Одржувањето и поправката треба да се изведуваат
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
регулаторот на напон.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
Опрема
Струјниот адаптер од 9,6 V, 12,0 V и 14,4 V, ѕидниот
држач 11 како и струјниот кабел (кабел за напојување на
уреди за ладење) може да ги најдете кај вашиот
специјализиран трговец.
Bosch Power Tools
За комплетната квалитетна програма на опрема може да
се информирате на интернет на www.bosch-pt.com и
www.boschproductiontools.com или кај вашиот
специјализиран трговец.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Регулаторот на напон, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте регулаторот на напон во домашната канта за
отпадоци!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate
Čitajte sva upozorenja i uputstva.
UPOZORENJE
Propusti kod pridržavanja upozo-
renja i uputstava mogu imati za posledicu električni udar,
požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
Pojam upotrebljen u upozorenjima „električni alat" odnosi se
na električne alate sa radom na mreži (sa mrežnim kablom) i
na električne alate sa radom na akumulator (bez mrežnog
kabla).
Srpski | 111
1 609 92A 3HF | (21.12.16)