OBJ_BUCH-3072-001.book Page 108 Wednesday, December 21, 2016 2:15 PM
108 | Македонски
Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
1 609 92A 3HF | (21.12.16)
Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за регулаторот на
напон
Приклучете го регулаторот на напон на прописно
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Држете го регулаторот на напон подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во електричниот алат го
зголемува ризикот од електричен удар.
Напонот на регулаторот на напон (приказ) мора да
биде во согласност со напонот на одвртувачот.
Регулаторот на напон исклучиво е наменет за
индустриските батериски одвртувачи од Bosch од
сериите Exact, AngleExact и BT-Exact со напон помеѓу
9,6 V и 14,4 V. Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Одржувајте ја чистотата на регулаторот на напон.
Доколку се извалка, постои опасност од електричен
удар.
Пред секое користење проверете го регулаторот на
напон, кабелот и приклучокот. Не го користете
регулаторот на напон, доколку забележите
оштетувања. Не го отворајте сами регулаторот на
напон и оставете го на поправка кај квалификуван
стручен персонал кој ќе користи само оригинални
резервни делови. Оштетениот регулатор на напон,
кабел и приклучок го зголемуваат ризикот за
електричен удар.
Не го користете регулаторот на напон на лесно
запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн.
во запалива околина. Постои опасност од пожар
заради затоплувањето на регулаторот на напон што
произлегува при работењето.
Bosch Power Tools