Совети При Работењето - Bosch GST 680 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GST 680 Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
За Фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување, (2) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање (3).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е
блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (1) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
Бројот на одови што се подесуваат на шест нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Степен
Број на одови
Примена/материјал
прибл.
−1
(min
)
1
800
Метал
2
1300
Метални, тесни заоблени
засеци
3
1800
Тесни заоблени засеци
4
2200
Заоблени засеци
5
2600
Заоблени засеци
6
3000
Стандардни засеци, брзи
засеци
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Доколку обработувате мали или тенки делови
u
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Bosch Power Tools
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени
засеци. Во Bosch-асортиманот се вклучени и додатоци
кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во
зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен
граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните убодни пили може да „го изгубат
правецот", што значи дека аголот и прецизноста на
сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои
влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на
пилата, должината на сечењето и густината и дебелината
на материјалот на делот што се обработува.
Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате
дали резултатот од сечењето на избраниот систем
одговара на вашите барања на примена.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Сечење со вдлабнување (види слика F)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (7) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (10) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (7) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење по должина на линијата.
Паралелен граничник со кружен отсекувач (опрема)
За работење со паралелен граничник со кружен
отсекувач (25) (опрема) дебелината на делот што се
обработува треба да изнесува максимално 30 mm.
Паралелно сечење (види слика G): Олабавете ја
завртката за подесување (24) и вметнете ја скалата на
паралелниот граничник низ водилката (23) во основната
плоча. Поставете ја саканата ширина на резот како
вредност на скалата на внатрешниот раб на основната
плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (24).
Кружно сечење (види слика H): На линијата за сечење во
кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е
доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете
го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може
сечилото рамно да легне на линијата за сечење.
Ставете ја завртката за фиксирање (24) на другата страна
од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од
паралелниот граничник низ водилката (23) во основната
плоча. Во средината на делот за обработка во отворот
што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го
Македонски | 143
1 609 92A 89P | (22.11.2022)
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido