Bosch GST 680 Professional Manual Original página 140

Ocultar thumbs Ver también para GST 680 Professional:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
140 | Македонски
Безбедносни напомени за убодни пили
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете, за да не дојде во контакт
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон", може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон" и операторот може да
добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин
u
за да го обезбедите и прицврстите делот што се
обработува на стабилна површина. Доколку го
држите делот што се обработува со рака или го
потпрете на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да
изгубите контрола.
Држете ги рацете подалеку од делот каде што се
u
сече. Не фаќајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила
постои опасност од повреда.
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
При сечење внимавајте на тоа, основната плоча да
u
лежи стабилно. Свитканиот лист пила може да се
скрши или да доведе до повратен удар.
По завршувањето на работењето исклучете го
u
електричниот алат и извадете го листот за пила од
исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој
начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно
да го оставите електричниот алат.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Користете само неоштетени, беспрекорни листови
u
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
Не го блокирајте листот за пилата по
u
исклучувањето со странично контра-притискање.
Листот за пила може да се оштети, скрши или да
предизвика повратен удар.
Користете го електричниот алат исклучиво со
u
основната плоча. Кога работите без основната плоча,
постои ризик да не можете да го контролирате
електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
1 609 92A 89P | (22.11.2022)
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење во дрво,
пластика, метал, керамички плочки, гумени материјали и
ламинат/HPL (High Pressure Laminate) на стабилна
подлога. Тој е погоден за вршење прави или заоблени
резови под закосени агли до 45°. Внимавајте на
безбедносните напомени за пила.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Копче за подесување на претходното избирање
бројот на работни одови
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Блокада на прекинувачот за вклучување/
исклучување
(4) Клуч со внатрешна шестаголна глава (5 mm)
(5) Црево за всисување
(6) Млазница за всисување
(7) Основна плоча
(8) Завртка за прицврстување на сечилото за пила
(9) Водечки валјак
(10) Сечило за пила
(11) Заштита од допир
(12) Заштитен капак за всисување
(13) Прифат на сечило за пила
(14) Рачка (изолирана површина на рачката)
a)
(15) Заштита од кинење
(16) Завртка за основната плоча
(17) Скала на закосени агли
(18) Профилни лајсни за прицврстување на основната
плоча
(19) Запци за позиционирање
(20) Отвор за запци за позиционирање
(21) Стандарден отвор за завртување за
прицврстување на основната плоча
(22) Отвор за завртување за сечење близу раб
(23) Водилка за паралелниот граничник
Bosch Power Tools
loading