Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на доводот на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) ставете го во исклучена положба и
одново вклучете го електричниот алат.
Контрола/претходно избирање на брзината на
движење на лентата
Може да ја регулирате брзината на сечилото на пилата со
подвижна лента во зависност од тоа колку силно ќе го
притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (5).
Со вртливото копче (4) може претходно да ја поставите
брзината на движење на лентата и да ја менувате за
време на работата.
Вртливо копче за
Брзина на движење на
претходно избирање на
лентата (m/min)
брзината
1
30
2
45
3
65
4
85
5
100
6
115
Неопходната брзина на движење на лентата зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди при
практична примена.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Совети при работењето
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Изберете соодветна позиција за пилање на делот што се
обработува, така што, што е можно повеќе запци од
сечилото за пилата со подвижна лента (11) да се во резот
(види слика J).
Вклучете го електричниот алат и почекајте додека
моторот не ја достигне саканата брзина. Поставете го
електричниот алат со водилката (10) на делот што се
обработува и спуштете го сечилото за пилата со
подвижна лента (11) полека во резот.
Работете со постојан притисок и рамномерни движења.
Кратко пред крајот на резот, намалете го притисокот и
лесно подигнете го електричниот апарат, за да не падне
на делот што се обработува.
Bosch Power Tools
Поставување на лентата за сечење (види слики K−L)
Редовно проверувајте ја висината на сечилото за пилата
со подвижна лента (11) на валјакот (17). Растојанието
помеѓу сечилото за пилата со подвижна лента и горниот
раб на валјакот не смее да надмине 3 mm. Ако
растојанието е поголемо, лентата за сечење мора
повторно да се прилагоди:
1. Олабавете ја навртката за заклучување на лентата за
сечење (19) така што клучот за втиснување (20)
завртете го налево.
2. Свртете ја завртката за едно завртување за да ја
прилагодите лентата за сечење (21) со обичен
плоснат одвртувач:
За спуштање на сечилото за пилата со подвижна
лента (11) свртете ја завртката надесно (21).
За подигнување на сечилото за пилата со подвижна
лента (11) свртете ја завртката налево (21).
3. Поставете го вртливото копче за претходно
избирање на брзината на движење на лентата (4) на
степен 1.
4. Вметнете акумулаторска батерија (3).
5. Вклучете го електричниот алат и ротирајте го
сечилото за пилата со подвижна лента (11) за едно
вртење.
6. Исклучете го електричниот алат и извадете ја
акумулаторската батерија (3).
7. Проверете ја висината на сечилото за пилата со
подвижна лента (11) на валјакот (17). Доколку е
потребно, повторете ги чекорите од 2 до 5 додека
растојанието помеѓу сечилото за пилата со подвижна
лента и горниот раб на валјакот не биде помало од
3 mm.
8. Повторно затегнете ја навртката за заклучување на
лентата за сечење (19) со завртување на клучот за
втиснување (20) надесно.
Напомена: завртката за прилагодување на лентата за
сечење (21) се користи исклучиво за прилагодување на
висината на погонскиот валјак (17). Ова овозможува да
се прилагоди целосното движење на сечилото за пилата
со подвижна лента (11).
Куки за закачување
Со куките за закачување (13) може да го закачите
исклучениот електричен алат. За да спречите повреда и
оштетување, закачете го електричниот алат само на
стабилна и соодветна точка за прицврстување.
При закачувањето на електричниот уред,
u
внимавајте листот за пилата да е заштитен од
невнимателно допирање. Постои опасност од
повреда.
Чување на електричниот алат
Ако електричниот алат не се користи подолг временски
период олабавете го сечилото за пилата со подвижна
лента (11), за да го продолжите работниот век на
сечилото. За да го направите ова, навалете го лостот за
Македонски | 157
1 609 92A 8RW | (16.11.2023)