Bosch Professional GPB 18V-5 C Manual Original página 179

Ocultar thumbs Ver también para Professional GPB 18V-5 C:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
радиото автоматски менува на режимот на аудио 10 s по
последното притискање на копчето.
Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при
исклучувањето на радиото, тогаш сменете ги резервните
батерии.
Опции на менито (GPB 18V‑5 SC)
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа
на аудио, во кој е поставено радиото.
Во рамките на менијата, името на менито се прикажува
во горната линија на мултифункционалниот приказ (k),а
поставката што можете да ја изберете во долниот дел.
<Set Time>
Мени време: можете да избирате помеѓу временските
формати 12 часа <12 Hour Mode> и 24 часа <24 Hour
Mode> и да го поставите времето рачно. Ако кај аудио
извор DAB се избере радио станица која го пренесува
времето, тогаш автоматски се презема тоа време.
<Reset All>
Мени ресетирање: можете да ги ресетирате сите
поставки на менито на фабрички поставки <Yes> или да
вратите на актуелните поставки <No>.
<Auto Scan> (кај аудио извор DAB)
Мени автоматско пребарување на станица: можете да
стартувате автоматско пребарување на станица.
<Manual Tune> (кај аудио извор DAB)
Мени рачно прилагодување: можете рачно да ја
поставите саканата фреквенција.
<Display Type> (кај аудио извор DAB)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се
појави во долниот дел на мултифункционалниот
приказ (k):
– Информативен текст што го пренесува
радиостаницата <Dynamic Label>,
– Фреквенцијата на станицата <Frequency>,
– Јачината на сигнал <Signal Strength>,
– Тип на програма што го пренесува
радиостаницата <Program Type>.
<Display Type> (кај аудио извор FM)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се
појави во долниот дел на мултифункционалниот
приказ (k):
– Информативен текст што го пренесува
радиостаницата <Radio Text>,
– Името на станицата <Program Service>,
– Тип на програма што го пренесува
радиостаницата <Program Type>.
Напојување со енергија на надворешни уреди
USB-приклучок
Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат
повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е
возможно преку USB (на пр. различни мобилни
телефони). Максималната струја за полнење
изнесува 2,1 A.
Bosch Power Tools
Отворете ја рачката за заклучување (8) и отворете го
капакот (7) на преградата за медиумски датотеки.
Поврзете го USB-приклучокот на надворешен уред преку
соодветен USB-кабел со USB-конектор за полнење (11)
(USB) на радиото.
При работење со батерија надворешниот уред може да се
полни само ако е вклучено радиото.
При соодветна големина, надворешниот уред може да се
складира за време на полнењето во преградата за
складирање (6). Ако надворешниот уред се загрева за
време на полнењето, тогаш отворете го капакот (7) на
преградата за медиумски датотеки за да се заштити
надворешниот уред од прегревање.
Ако полнењето е завршено одн. USB-кабелот е отстранет,
тогаш повторно затворете го капакот (7), за да се заштити
радиото од нечистотии.
Приклучок за наизменична струја
Со помош на приклучоците за наизменична струја
можете да користите и други надворешни електрични
уреди. Приклучниците може да бидат различни, во
зависност од важечките прописи во земјата на
користење.
Снабдувањето со енергија на надворешни уреди преку
приклучок за наизменична струја е можно само со
мрежен напојувач на радиото, а не преку вметната
батерија. Ако радиото е приклучено на струја, за потврда
свети зелената контролна сијаличка (3).
Збирот на максимално дозволената потрошувачка на
струја на сите приклучени електрични уреди не смее да ја
пречекори вредноста наведена во следната табела
(погледнете го и натписот на куќиштето под
поклопецот (4)):
Број на дел/артикл
3 601 DA4 000
3 601 DA4 100
3 601 DA4 170
3 601 DA4 1W0
3 601 DA4 130
3 601 DA4 140
Отворете го заштитното капаче (4) на приклучоците за
наизменична струја и ставете го приклучокот на
надворешниот електричен уред во приклучница (5) на
радиото.
Совети при работењето
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Македонски | 179
Збир на максимална
потрошувачка на струја
(во A)
15
15
12
15
9
9
1 609 92A 7T0 | (27.05.2022)
loading