AEG 4283 71 03 Manual Original página 51

да биде контролирана од операторот доколку се
преземени соодветни мерки на претпазливост.
Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето од
било која причина, ослободете го прекинувачот и
држете го ножот во материјалот без да делувате, се
додека не дојде до потполно запирање на сечилото.
Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или да
ја повлечете наназед додека сечилото се движи или
може да се појави повратен удар. Испитајте ги и
преземете корективни чекори за да ја елиминирате
причината за свиткување на сечилото.
По рестартирање на пилата во обарботуваното парче,
центрирајте го сечилото на пилата во крвината и
проверете запците на пилата да не се навлезени во
материјалот. Доколку сечилото на пилата е свиткано,
може да тргне нагоре или да излезе од обработуваното
парче, кога таа ќе се стартува.
Потпирајте ги големите панели како би го
минимизирале ризикот од свиткување на сечилото и
повратен удар. Големите панели имаат тенденција да
се свиткаат под сопствената тежина. Мора да биде
поставена потпора под панелот од двете страни, блиску до
линијата на сечење и блиску до работ на панелот.
Не користете отапени или оштетени сечила.
Ненаострните или не соодветно поставените сечила
создаваат остра кривина која предизвикува интензивно
триење, виткање на сечилото и повратен удар.
Длабочината на сечилото и прилагодливиот
заклучувач на рачката мора да биде стегнат и
обезбеден пред да се сече. Доколку се промени
подесувањето за време на сечењето може да дојде со
свиткување иповратен удар.
Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување во
постоечки ѕидови или други армирани површини.
Функција на долниот заштитен поклопец
Провререте ја долната заштита дали е соодветно
затворена пред секоја употреба. Не работете со пилата
доколку долната заштита не се движи слободно и не
се затвора моментално. Никогаш не ја затегнувајте ниту
врзувајте долната заштита во отворена позиција. Доколку
пилата падне ненамерно, долната заштита може да се
свитка. Кренете ја долната заштита со повлекување на
рачката и осигурете се дека се движи слободно не
допирајќи до сечилото или било кој друг дел под било кој
агол и длабочина на засек.
Проверете го функционирањето на федерот на
долната заштита. Доколку заштитата и федерот не се
отвораат соодветно, мора пред употреба да бидат
сервисирани. Долната заштита може да функционира
тромо поради оштетените делови, лепливи остатоци или
насобрани делчиња.
Долната заштита треба да биде рачно повлечена само
при специјални резови како ,,резови со забодување,,
или ,,сложени резови,,. Кренете ја долната заштита со
повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе
во материјалот, долната заштита мора да биде
отпуштена. При секое друго сечење, долната заштита
мора да работи автоматски.
Секогаш гледајте долната заштита да го покрива
сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или под.
Незаштитено лизгање на сечилото ќе предизвика пилата
да тргне наназад, сечејќи се што ќе се најде на патот.
Бидете свесни за потребното време за кое сечилото
престанува да работи, по ослободувањето на
прекинувачот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Пршината која се создава при користење на овој алат
може да биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте.
Носете соодветна заштитна маска.
100
МАКЕДОНСКИ
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на
оваа машина!
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја
користите машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии
од GBS систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте
ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во
случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете
го прегревањето на забчаниците.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече
надолжно и триаголно прецизно во дрво, пластика и
алуминиум.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
„Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-5:2010
EN 55014-1:2006 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-09-25
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора
да бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката
на батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете
ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш
тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување
пред да го прикачите или отстраните сечилото.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Некои средства за чистење ја оштетуваат пластиката
или други изолирани делови. Одржувајте го апаратот
чист и сув како и неизвалкан од истечено масло и масти.
Проверете ја функцијата на заштитните хауби. Редовно
одржување и чистење обезбедува долг век и безбедно
ракување.
Користете само AEG додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на
адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат не
смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
101
loading

Este manual también es adecuado para:

Bks 18